Копакабана се префрли во Мајами, Бразилците прават шоу на плажа

Кариоките и Гаучосите и натаму прават најголемо шоу во САД на Светското. Аргентинците сега се преселија во Далас каде вечерва играат со Австрија од 19 часот, а Бразилците се во Мајами. На најпознатата плажа во Мајами дошле илјадници Бразилци чија заедница во САД е најголема токму во овој град. Бразил во четврток таму ја чека Шкотска во 3. коло.

22 јуни 2026 - 11:14