40 години од двата најпознати гола на сите времиња

Во четвртфинале на Светско првенство 1986-та, на стадионот „Ацтека“ во Мексико каде и денес се играат натпревари од Мундијалот 2026, пред 40 години на денешен ден 22-ри јуни Диего Марадона ги даде двата најпознати гола во историјата на фудбалот. 

Пред 115.000 гледачи, нешто незамисливо од денешна перспектива, Диего Марадона во само четири минути направи два историски потези кои влегоа во вечноста.

Прво во 51' минута со рака скришно постигна гол пред голманот Питер Шилтон а судиите му го признаа иако цел свет виде дека Диего играше со рака:

Англичаните протестираа, се бунеа, но тогаш немаше ниту ВАР, ниту камери од сите агли за да се види подобро повторена снимка. Марадона години подцона признал дека им рекол на соиграчите побрзо веднаш да дотрчаат до него да го слават погодокот како да е готово признаен, зошто судијата би можел да го поништи.

После само четири минути го даде најлудиот гол на сите времиња - ја издрибла пола англиска репрезентација, го седна и голманот „на газ“ и го зголеми резултатот на 2-0.

До крајот Англија намали преку Гари Линекер во 81' минута но не успеа да израмни. Аргентина со победа од 2-1 стигна до полуфинале а после до финале и до светска шампионска титула 1986. Диего Марадона влезе во вечноста.