Изминатава недела, пивницата Бостон Тапрум, една од поголемите во градот соопштила дека останале без пиво зошто шкотските навивачи кои дошле на Светско првенство во Бостон испиле 4 пати повеќе од вообичаената просечна продажба на пива во пивницата.
Компанијата Бостон Биер објавила дека навивачите на Шкотска обединети под името „Тартан Арми“ од минатиот четврток до минатата недела испиле огромни количини пиво и практично ги „исушиле“ градските залихи на пиво во само четири дена.
Во саботата компанијата за производство на пиво барала екстра плус достави од другите градови за да има доволно пиво „да ги напои“ Шкотланѓаните.
„Никогаш не сме виделе вакво нешто“, вели Били ДеКаин од пивницата Сем Адамс Бостон Тапрум за Ен-Би-Си Бостон.
„Во Вајт Бул Таверн нема веќе пиво. Шкотските навивачи го пресушија местото и сите пиеја Бад Лајт. Испивме се. Тенентс е број 1 пиво“, рекол навивачот на Шкотска Дејв Ор за Ен-Би-Си.
Шкотска се пласираше на прво Светско првенство после цели 28 години! На првиот натпревар играа против дебитантот Хаити и едвај победија 1-0.
Навивачите од Шкотска се забавувале најмногу од сите. А и испиле најмногу од сите.
„Имаше 20 пива на менито во пивницата, но тие во глобала пиеја само Бостон Лагер. Носиме дополнителни залихи неделава за да се осигураме дека имаме доволно“, вели шефот на смена во Хенеси Бар во Бостон, Ноел Сомерс и додава: „30 години сме овде, но никогаш не сме виделе вакво нешто“.
Шкотска во петок вечер игра против Мароко на „Жилет Стадион“ исто во Фоксборо, предградието на Бостон. Потоа во 3. коло ќе патуваат во Мајами каде ги чека Бразил. Нека се спремат пивниците во Мајами.