Има еден навивач на ДР Конго кој можеби веќе го знаете: Лумумба Веа. Со крената рака, во став како статуа, облечен во светло-шерено одело, стоеше за време на Купот на Америка и стана многу споделуван на мрежите.
Тој е буквална главна фигура на фудбалските навивачи во земјата: „Ја има таа посебна аура. Тој е права статуа“, вели друг навивач на ДР Конго, Луис Мукома.

Правото име на Лумумба Веа всушност е Мишел Кука Емболадинга. Тој порано работел во пекара па почнал да работи како аниматор кој го глуми легендарниот прв премиер на ДР Конго во историјата, Патрис Лумумба.
„Тој е симбол кој го сакаме, води потекло од корените. Тој е на пиедесталот и со него така светски познат, ни помага нам да сфатиме дека сме нешто посебно. Луѓето го знаат Конго“, вели друг навивач, Крис Мантанта за Атлетик.

Правиот Лумумба ѝ помогнал на оваа земја да се отргне од белгиската колонијална власт и стана нова Демократска република Конго во 1960-та, пред тој да биде убиен една година подоцна.
„Лумумба е национален херој и историска фигура кој го отвори патот на Пан-Африканизмот (идеологија за обединување на сите африкански нации). На Југот, во Африка, тој е клучна фигура“.
Настапот и акциите на неговиот двојник на Купот на Африкански нации кој заврши во јануари годинава се испреплетени со психата на Конгоанскиот народ.
Прво, уредната и живопсина облека го претставува културолошкото движење во Ла Сапе или Сапологија каде владеат безобразни правила.
„Некогаш дури и во калливите места во Конго, ќе видиш луѓе облечени во бело, без дамка на нив. Или многу шарени, дречливи бои“.

Тоа е стилот и стоицизмот.
„Тој отелотворува еден вид отпор, стоење така 90 минути е лудост. Тоа исто го прикажува и трпението што навивачите го покажаа со секое разочарување од репрезентацијата“, вели Луис од Конго.
По историското влијание на Лумумба, ДР Конго два пати го освоил Купот на африкански нации, во 1968-ма во Конго-Киншаса и во 1974-та во Заир. Од тогаш па навами имаат три полуфиналиња, во 1998-ма (првпат откако официјално станале ДР Конго), во 2015 и 2023.
На Светско првенство првпат се пласирале во 1974-та во Западна Германија а нивниот настап „го прославил“ бекот Мвепу Илунга кој при еден слободен удар за Бразилците пред судиски знак истрчал од живиот ѕид и со сета сила ја рогнал топката далеку од својот гол. Цел стадион се збунил и смеел.

Претходно ДР Конго изгубил 9-0 од Југославија на Ѓајиќ и 2-0 од Шкотска.
На претходните две Светски првенства за малку не се квалификуваа: 2018-та завршија со бод зад Тунис во групата, а во 2022-ра изгубија во баражот од Мароко. Но годинава се пласираа.
И тоа како...
На пенали против Нигерија во африканскиот бараж и со победа 1-0 во продолженија од финалето на интерконтиненталниот бараж против Јамајка во Мексико.
„Ова се никогаш претходно неискажани зборови: ДР Конго оди на Светско првенство!“, вели офцијалниот коментатор на ФИФА ТВ каналот додека селекторот од Франција Себастијен Десабре клекнува на колена за време на прославата.

Фудбалската федерација на Конго организирала чартер авион за 300 навивачи кои допатувале од главниот град Киншаса да ја поддржат репрезентацијата, иако на главниот јунак на приказнава Лумумба Веа првично му била одбиена визата.
Пред Светското првенство вирусот Ебола ја погодил земјата и строгите емиграциски закони значеле дека Конго ќе мора да има поголема поддршка од самата дијаспора во САД. Тие ќе играат во Хјустон (против Португалија), во Гвадалахара (против Колумбија) и во Атланта (против Узбекистан).
„Дијаспората ќе се погрижи за нас зошто е навистина тешко за луѓето од Конго да отпатуваат. Тие (дијаспората) ќе мора да го оддржи духот“.
Интересно, дури 26 фудбалери во репрезентацијата играат во странство, во 13 различни земји меѓу кои и Арон Ван-Бисака (поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, сега во Вест Хем), Ноа Садики од Сандерленд и Јоан Виса од Њукасл.

Капитен им е Шансел Мбемба (сега во Лил) кој има повеќе од 100 настапи за Конго. Крило и број 10 во екипата е Тео Бонгонда (од Спартак Москва) кого го викаат Тео Меси. „Тој е левак, има одлична контрола на топка и се друго“, вели навивачот на ДР Конго Луис.
„Спортот е навистина добар зошто ни носи радост каква што сме немале претходно. Поминавме многу нешта во нашата земја, војна и историја и патиме многу зошто знаеме дека не сме каде што треба да бидеме“, вели навивачот на Конго, Крис.
Фудбалот е процес на препознавање. „Ние практично искачуваме паланина и ќе стигнеме до врвот еден ден се надевам“. А и онака највисокиот врв во централна Африка е Конго. „Имаме вулјани, савана, океан, езера, ендемски животни, каква и да посакаш храна. Имаме се!“.
Конго има и богато музичко наследство. Фали Ипупа, Кофи Оломиде, Авило Лонгомба и Инос'Б ќе бидат придружен вокал за нацијата.

„Познати сме по нашата музика и како играме. Нашиоте главни фудбалски ривали Сенегалците знаат да кажат „оставете ни го фудбалот нам и вратете се на музиката“.
„Го паметиш ли Јаник Боласи“, прашува Луис кој мисли на некогашниот фудбалер на Кристал Палас и Евертон кој има 50 настапи за репрезентација од 2013 до 2022 и кој сега на 37 години игра за бразилски Шапекоенсе.
Сево ова лежи во зборот кој асоцира на репрезентацијата: „фимбу“ кој значи „стап“ на Лингала јазикот, најраспространет во Конго.
„Тоа означува енергија, гордост, страст и да го надиграш противникот со интензитет. И сега целата нација е спремна да го донесе тој дух на светска сцена“.