Познатите мексикански бранови кои навивачите ги прават уште од Светското 1986 година, се неизоставен дел и од овој Мундијал. Синоќа на дуелот Канада - Јужна Африка (1-0 со гол во 90+2' минута) преку 60.000 гледачи правеа бранови. Ама на една жена ѝ преседнаа. Го изгуби мобилниот на долната трибина.