По некој сепаратистички свиреж во шумата аплаузи за светските шампиони од Билбао

Шпанија востанови убава пракса која премина во традиција: после секој голем успех на репрезентацијата, секој фудбалер со шпалир да биде свечено пречекан пред сите играчи, пред своите навивачи, на свој стадион. Така со пехарот за светски шампион беа пречекани четворица фудбалери на Атлетико Мадрид, а сега и на Атлетик Билбао пред натпреварот со Севиља.

Имало громогласни аплаузи но и по некој баскиски свиреж за оние Баскијци кои играат за репрезентацијата на Шпанија.

Голема улога во светската титула на Мундијал 2026 и победата во финалето против Аргентина имаа: Унаи Симон, Ајмерик Лапорте, Нико Вилијамс и селекторот Луис де ла Фуенте кој е практично дете на Атлетик Билбао.

Тој и самиот призна дека како човек кој 18 години поминал играчка кариера и потоа и тренерска во Билбао, не му било мило да слушне свирежи на култниот стадион „Сан Мамеш“.

26 август 2026 - 11:36