Необична фора со сезонски карти од француски Дижон

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Пред средбата меѓу Дижон и По во Лига 1 минатиот викенд, можно било да се видат навивачи како поминуваат низ заштитната врата со необичен потег: го скенирале шалот, односно го ставале овој вреден навивачки реквизит на скенерот на влез и влегувале.

Идејата е генијална: шалот важи за најпопуларен атрибут кај современиот па и традиционалниот конзервативен навивач. Тој е дел од навивачкта култура. Затоа Дижон решил да ја интегрира сезонската карта непосредно на самиот клупски шал.

А шалот важи за важна карика на колекционерите па и другите навивачи.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ВЛЕЗОТ?

Фудбалскиот клуб Дижон интегрирал во шалот NFC чип. Таков има во секој од смартфоните, во модерните телефонски уреди или на банкарските сметки. Токму NFC чипот работи кога ставате картичка на терминалот при бесконтактно плаќање. Терминалот создава слабо магнетно поле, а уредот во картичката го прифаќа тоа поле со цел да создаде електронски тек. Чипот се активира и пренесува шифрувани податоци до терминалот.

17 август 2026 - 14:37