Навивачите на Оснабрик го претвориле стадионот „Бремер Брике“ во тематски парк. Направиле права конструкција за ролеркостер и пуштиле вагон да вози низ шините на нивната трибина. Во вагончето имало маскирани ултраси кои се спуштаа и качуваа низ масата навивачи.
🤩🎢 Tifo game on point! VfL Osnabrük ultras with a fully functioning roller coaster display against Bayern München in the German Cup! 💜🇩🇪 #OSNFCB pic.twitter.com/xOHDbeEz68
— goalpostFC (@GoalpostFC) September 2, 2026


Што се однесува до натпреварот, ова беше прво коло на германскиот Куп познат како ДФБ Покал. Домаќините кои сезонава се нови второлигаши откако влегоа годинава од трета лига, поведоа први на радост на навивачите. Стрелец на голот Робин Мејснер уште во 5' минута.
Но Баерн Минхен брзо се прибра и прво израмни преку Хари Кејн во 18-та минута а потоа и поведе преку Том Бишол во 24-та минута. Микаел Олисе постигна прекрасен гол за 1-3 во 73' минута а Кејн од пенал во 86-та ги постави конечните 1-4.
Баерн играше во речиси најсилен состав со Кејн, Луис Диаз, Мајкл Олисе, Џошуа Кимих, Џонатан Та, Ким, Јосип Станишиќ како и новајлијата кој за 50 милиони евра дојде од ПСВ Ајндховен, Исмаел Салибари.