Комити во бојкот: Управа оди си

ФК Вардар лошо ја почна сезоната. Имаше неуспешно европско лето, загуби од ривалот Шкендија и брзо направи тренерска смена. Не функционира ниту релацијата клуб - навивачи. Кулминацијата на револтот на Комити е нападот врз нивни деца од страна на обезбедувањето на управата. Затоа донесоа одлука да ги бојкотираат сите натпревари се додека Миленко Неделковски не си замине од клубот.

Соопштението на Комити:

[БОЈКОТ - УПРАВА ОДИ СИ]

Групата на отворен состанок донесе одлука за БОЈКОТ на сите натпревари на ФК Вардар

а истиот ќе трае се додека Управата на чело со лицето Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од клубот!

Оваа одлука е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана!

Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме!

Затоа, во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваме за последен пат, за да ја покажеме првично нашата солидарност со младите Вардарци и за да изразиме незадоволство и револт против најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар!

Собирот ќе започне во 18:15ч на последна 5-ка во Ново Лисиче, од каде во 18:45ч заедно ќе се упатиме кон стадионот. СИТЕ ЗАЕДНО!

Уште сега јавно апелираме дека преглед на влезот ќе може да врши само Полицијата и дека нема да дозволиме никој друг да биде присутен. Ако биде присутно обезбедување што ќе се противи на оваа одлука, ќе бидат

ВЕДНАШ нападнати од наша страна и затоа апелираме - берете памет!

По натпреварот против Арсими, започнува бојкотот и од тогаш фокусот целосно ќе го насочиме кон натпреварите на РК Вардар, за што дополнително ќе известиме!

Повикуваме на најголема масовност и полн стадион, сите Комити и Вардарци обединети до целосно ослободување на ФК Вардар!

ОБЕДИНЕТИ ЗА ВАРДАР!

3 септември 2026 - 10:54