Шкотските навивачи веќе открија повеќе детали за неочекуваниот „натрапник“ на теренот на „Градски стадион“ во Скопје. Се работи за куче по име Гаја, има околу две години, а кое пред почетокот на натпреварот било забележано во близина на трибините, а подоцна успеало да влезе и на теренот.
Pitch invader at the North Macedonia v Scotland game tonight https://t.co/HBZhYYF2Hv
— FootballAwaydays (@Awaydays23) October 3, 2026
Појавувањето на оваа женка предизвика симпатии кај публиката, а приказната не завршила со последниот судиски свиреж.
Од навивачката група „The Tartan Army“ објавија дека сопственичката на „Нано Бар“, локал во кој престојувале голем број шкотски навивачи за време на посетата на Скопје, побарала нивна помош за Гаја да добие постојан и топол дом.
Идејата е кучето да биде вдомено во Шкотска, а шкотските навивачи најавуваат дека заедно со македонските поддржувачи би можеле да организираат и собирање средства за трошоците потребни за нејзиното префрлање.