Македонија во сабота ја пречекува Швајцарија во Скопје на „Градски“ во натпревар од 1. коло на Лига на Нации кој почнува во 20:45 часот.
Интересно, фудбалската федерација на Швајцарија веќе објави и упатства за нивните навивачи кои ќе допатуваат во Скопје а се очекува да бидат нешто повеќе од 2.000 навивачи.
Според упаствата на федерацијата, собирот на швајцарските навивачи ќе биде пред ГТЦ во Скопје во 16:00 часот а во 19:00 часот ќе им започне кортео до стадионот каде ќе бидат сместени во гостинскиот сектор на источната трибина до северна.
Исто така од фудбалската федерација ги замолуваат своите навивачи и да не лепат налепници во локалите каде што ќе бидат сместени во текот на денот и додаваат дека на стадионот е дозволен внес на знамиња и таканаречените кравји звона кои секаде ги носат на гостувања.