Вардар вечерва на стадионот на ФФМ игра против Арсими, а Комити најавуваат дека ќе грмат за последен пат:
„Сега ние сме на потег, сите Комити и сите Вардарци. Сите на кои им е доста од оваа срамна Управа и аматерското раководење!
Во понеделник ЗАЕДНО ОБЕДИНЕТИ од последна 5-ка до стадионот на ФФМ. За последен пат нека им зуи во ушите, нека знаат дека нивното во ФК Вардар заврши!“, стои во соопштението на Комити.
По натпреварот против Арсими најавуваат бојкот на сите натпревари на ФК Вардар, се додека Управата не поднесе оставка.