Групата беше основана во 2005-та, а сега се повлекува, односно нема активно да навива на домашните натпревари.
Преку долго соопштение тие велат „дека автентичните навивачи веќе не се приоритет за клубовите и дека се сè повеќе истиснати со вртоглаците цени на влезници, непотребните ограничувања смислени така да на навивачите им го одземат достоинството, како и со непрекинато шиканирање и правен прогон, многу млади луѓе решаваат да му свртат грб на спортот кој како да е одлучен во намерата да ги избрка“.
Во соопштението навивачите кои направија бум во Лондон и на Островот со нагла промена на навивачкиот стил, во соопштението уште и велат дека тие „ги прекинуваат сите организирани активности на Селхурст Парк поради санитизацијата на фудбалот како клучна во нивната одлука“.
„Повеќе пати го предупредивме клубот дека навивачите со исто определуање не може да се собираат на стадионот на Палас во неопходна бројка за одржување на растечката култура на активно навивање.
Едноставно не постојат соодветни услови за тоа. Иако од основањето на групата и во текот на нашиот престој во блок Е, на „Селхурст Парк“ сме сведочеле на некои од најдобрите навивачки атмосфери, сликата на трибината е шаренолика со оглед на тоа што очекувањата пораснаа после повеќе од деценија играње во највисок ранг.
На клубот Палас му треба радикален пресврт кон млади навивачи и оддалечување од културата на луѓето кои доаѓаат на стадион и очекуваат забава, кон културата во која навивачите доаѓаат со цел активно да влијаат на исходот на натпреварот.
„Ситуацијата на гостувањата е уште потешка. На натпреварите кои ги играме на страна, на навивачите им се забранува внесување реквизити на стадионите. Автобусите со навивачите редовно се сопираат а поединци се апсат. На трибините резервирани за гостински навивачи ширум земјата, се повеќе доминираат постари навивачи додека изостанува приливот на нови генерации во значајна бројка.
И покрај таквите околности, многу сме горди на се што нашата група постигна во изминатите 20 години. Од клучна улога во протестите кои го спасија клубот во 2010-та година, преку успешна борба со ограничување на цените на влезници за гостувања со што луѓето од работничката класа заштедија милиони, па се до пружање поддршка на клубот во периодот во кои се урнати бројни рекорди, групата „Holmesdale Fanatics“ помогна да се испише поглавје во историјата на клубот за кое многумина не веруваа дека е можно.
Но сега е моменто да сфатиме дека групата Holmesdale Fanatics ја доведовме до крајни граници во сегашните околности. Поради тоа одлучивме да ги прекинеме сите организирани активности на групата Holmesdale Fanatics на стадионот. Оваа одлука не ја носиме лесно“.