Бетис го совлада Хетафе со 1:0 во 6. коло од Ла Лига, а играчите на терен излегоа со 11-те најстари членови на клубот, сите на возраст од 80 години.
11-те ветерани меѓу членовите излегоа од тунелот како маскоти и се држеа се за рака со фудбалерите од почетниот состав.
Носеа специјални зелени дресови со слоганот „De padres a hijos, de abuelos a nietos“ (Од родители на деца, од баби и дедовци на внуци).
Со овој гест, клубот ја одбележа меѓугенерациската поврзаност, лојалноста и длабоко вкоренетата навивачка култура на клубот.
Оваа активност, организирана од Фондацијата „Реал Бетис“, е дел од клупската „Недела на повозрасните лица“.
Таа ќе опфати низа активности дизајнирани да ја препознаат и истакнат важната улога на повозрасните членови во општеството и во семејството на Реал Бетис.