Креативноста на островските навивачи секогаш била интересна за јавноста. Така на пример во 2000-та година на „Олд Трафорд“ се појави знаме со бројот 24 - имено толку години поминале тогаш од последниот трофеј на Манчестер Сити во Лига Купот во 1976-та година.
Следната година се појави знаме со 25-ка, па 26-ка итн...
И се појавувало до цифрата 35 кога во 2011-та година „граѓаните“ го освоија англискиот ФА Куп.

На дуелот меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед пак се појавил овој банер со бројката 51. Со тоа сакаат да означат дека сите освоени титули на Сити во време на газдите-шеици не се важат ниту бројат.

Во неделата, на „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби Ливерпул - Манчестер Сити. Како што е познато големи навивачи на „граѓаните“ се браќата Галахер, па навивачите на Ливерпул играа на теми од познати песни на групата Оазис.
По локалните продавници почнале да се продаваат симпатични маици со шеги на сметка на осудениот Манчестер Сити кој е прогласен за виновен дека привидно „впумпувал“ пари во клубот преку фантомски сметки и компании и со тоа ги кршел правилата за финансиски фер плеј во англиската Премиер лига.
Поради тоа имало маичка стилизирана со омотот на еден албум на Оазис со натпис: Cheats односно измамници.

Имало и парола со хитот на Оазис - Dont Look Back In Anger:

Исто и за светскиот хит на браќата Галахер: Wonderwall која навивачите на Ливерпул ја препеале „На крајот од краишитаа не ограбивте сите нас“, оригиналот е And after all You’re my wonderwall.

„Сите ваши ѕвезди се гаснат“:

Во шумата занимливи и досетливи пароли имало и една: Sham Pain Supernova која се однесува на еден друг хит групата Oasis.

А главниот на групата, Ноел Галахер беше присутен во гостинскиот сектор каде од прв ред со навивачите на Манчестер Сити бурно ги прослави сите 3 гола.
NOEL GALLAGHER CELERATES MANCHESTER CITY’S WIN OVER LIVERPOOL YESTERDAY https://t.co/2S1PJvsEdW
— Oasis World Fan Page (@oasisworld_) October 12, 2026

Noel Gallagher no Anfield! Liverpool 0x3 City. https://t.co/q5AjVCkEuY
— Oasis News 🇧🇷 (@oasisnews) October 11, 2026
А ништо не можеше да пројде ниту без надуваните бројки, овојпат 115, според бројот на обвиненија по кои Сити е прогласен за крив.

КАКО ОДГОВОРИЈА НАВИВАЧИТЕ НА СИТИ?
Повеќе од 5.000 навивачи допатувале од Манчестер и беа сместени во гостинскиот сектор. Додека фрштеа свирежи од цел стадион а на трибините се креваа пароли полни со обвиненија и критика за преварите кои ги правела управата на Сити, навивачите на „граѓаните“ се одлучија да пружат свој пркосен одговор:
Тие стигнале на стадионот со огромни надувани банани. Имено оваа традиција со банани се родила во хулиганските '80-ти години, поточно од сезоната 1987/1988. Откако екипата тогаш претходната сезона испаднала од првата англиска лига во втора, еден навивач на Сити како што е митот, се решил да ја разведри атмосферата на стадионот „Мејн Роуд“ така што на натпреварот донел голема надувана банана. И предизвикал насмевки и шеги.
Со ова навивачите на Сити сакаа да порачаат дека тие се со клубот по цена и да биде исфрлен во втора, трета, четврта лига...


Навивачите на Сити уште и пееле: „Ќе правиме превари кога сакаме“ и демонстративно мавтале со банкноти фунти.

По крајот на мечот и убедливата победа на Сити кој е на прво место во Премиер лига, трибините на Енфилд Роуд згрмеле: „You are going down“ (Ќе испаднете) а диџејот на стадионот ја пуштил песната Little Lies (мали лажги).
Интересно секогаш досетливиот налог на обложувалницата Paddy Power која трола се и сешто го објавила ова:
„Ливерпул 0:3 *. Голем резултат за лидерот на лигата Арсенал откако ривалот за титула ги изгуби сите три бода дома“.