Посебната емоција на тифозите на Рома за Жозе Мурињо

Жозе Мурињо во сезоната 2021/2022 на Рома ѝ го донесе првиот голем трофеј во еврокуповите откако освоија Конференциска лига по триумф во финалето против холандски Феенорд. Синоќа се врати на „Олимпико“ во Рим, во улога на ривал со Реал Мадрид и чудесно победи 3-4 после историски пресврт.

Тифозите на Рома тогаш на големо го славеа европскиот трофеј, прв после далечната 1961-ва кога освоиле Куп на саемски градови. Не заборавија кој им го донесе пехарот и го поздравија со бучни скандирања и со пригодна кореографија - Мурињо со подигнатиот трофеј од Конференциска лига.

„Кој ѝ носи слава на Рома, Рома ќе го сака засекогаш“. „Le Spolie opima“ - во антички Рим најголем и најредок воен плен кој еден победнички војсководец можел да го присвои бил кога ќе го порази непријателскиот заповедник во двобој. Овде тој израз навивачите на Рома го користат метафорички означувајќи го трофејот кој Мурињо им го донесе.

Чудо на Реал во Рим, од 3-1 до 3-4 за 7 минути, ПСЖ го разби Манчестер Сити

15 октомври 2026 - 09:26