Лацио досега освои 25 бода, прв е на табела. Навивачите ги бојкотираат домашните средби но затоа на гости екипата е бодрена како никој во Италија.
А играчите знаат да им вратат на своите тифози со убедливи настапи.
🚨🇮🇹 Lazio had 10,000+ fans for the AWAY match against Sassuolo! 🔵🦅 https://t.co/Y7lRmNCS67
— EuroFoot (@eurofootcom) October 27, 2026
Синоќа Лацио на гости го совлада Сасуоло со 2-6, забележа една од најубедливите победи во клупската историја и остана на врвот. А притоа промашија и два пенали. Стрелци на головите: Кенет Тејлор во 2' минута, Исаксен во 13' минута, Мусолини во 16-та, Матија Ѕакањи во 45+1', Нослин во 56' и 65'. За Сасуоло головите ги постигнаа Торствед во 7' минута и Еспозито во 43' минута.