Спектаклот Бока - Ривер на Бомбонера

После многу дуели, борба, игра на нерви и остри фаули со два црвени картони, Бока Јуниорс славеше 1-0 во аргентинското Суперкласико на својата Бомбонера во 15. коло од Клаузура.

]

Уште на самиот старт на дуелот пред преполни трибини имаше бројни фаули и прекини. Гостинскиот стопер искусниот Лукас Мартинез Куарта уште во 10' минута доби директен црвен картон по еден груб фаул како последен играч:

Тоа ѝ отвори простор на Бока Јуниорс да се разлета по теренот и да почне да создава шанси пред голот на Белтран. После еден прекин и добар центаршут од корнер на Себастијан Вила, домашниот бек Лаутаро Ди Лоло погоди со глава за водство на Бока 1-0 и делириум на трибините:

Но голот не донесе отворен фудбал и шанси, туку уште погруби стартови и чести прекини, својствени за најголемото аргентинско дерби каде војна се води за секој освоен метар на теренот. Ривер Плејт се држеше добро и со играч помалку од 10' минута, а Бока успеа да ја смири играта и да го сочува водството.

Во 79' минута поради нов тежок фаул директен црвен картон доби и капитенот на гостите Гонзало Монтиел па Ривер остана со девет играчи на терен па уште потешко успеваше да стигне до противничкиот гол.

Монтиел после со полициска придружба го напушташе теренот.

Со овој триумф од 1-0, Бока Јуниорс стигна до 30 бода и се искачи на 2. место во групата А од Клаузура со три бода зад лидерот Институто. Ривер е четврти во група Б со 23 бода а за следниот дуел остана без двајца важни првотимци кои добија црвени картони.

2 ноември 2026 - 09:35