Навивачите на Вардар со огномет ги буделе ракометарите на Пелистер
Големо ракометно дерби се игра денес во Скопје. РК Вардар 1961 го пречекува Пелистер од 17.45 часот во салата „Јане Сандански“. Навивачите на Вардар доцна синоќа среде ноќ пред хотелот каде престојува Пелистер направиле огромна бучава со огномети, петарди и песни.
Дали Пелистерци се разбудиле или мирно спиеле не е познато. Зелено-белите денес ќе имаат поддршка од околу 400 свои приврзаници во салата „Јане Сандански“ за каде домаќинот најавува кореографија ширум сите трибини.