Мизерна ноќ за навивачите на Јувентус - дебакл дома, палеа свои шалови

Јувентус од година во година паѓа во сè поголем резултатски очај од кој како да нема излез. По заминувањето на Ањели од клубот, Јуве стана просечен италијански клуб. Синоќа Лацио на Гатузо ги згроми 0-3 а можеше да им даде уште толку гола.

За време на дуелот дел од навивачите на Јувентус се степале меѓу себе па имаше и прекин при што капитените на двата тима апелираа навивачите да се смират.

После натпреварот додека имаше свирежи до играчите, некои чудни ликови се решиле на чекор каков што никогаш немало во Италија - да палат шалови од својот клуб револтирани од мизерниот пораз:

19 октомври 2026 - 10:14