Ако не можете вие, да ви покажеме ние

Во неделата од 16:00 се одигра големото градско дерби на Софија во кое ЦСКА Софија со 0-3 го згроми Левски. „Червените“ со оваа победа избија на чело на табелата со 34 бода пред Левски кој има 32 но и натпревар помалку. Дербито изобилуваше со многу пиротехника и со интересни кореографии од страна на навивачите на ЦСКА. „Армејците“ во еден момент кренаа кореографија со ретро стара топка и натпис: „ТОЛКУ ЛИ Е ТЕШКО КОРЕОГРАФИЈАТА ДА БИДЕ ЦЕЛА?“ како алузија на иста кореографија на Левскарите но помалку успешна во Лига Европа против РБ Лајпциг.

Алузија на оваа кореографија на Левски на дуелот со Ред Бул Салцбург:

 

9 ноември 2026 - 11:52