Неверојатниот пресврт на Барселона, Фермин стиши 70.000 гледачи

Како и минатата сезона, пресликано дерби меѓу Атлетико Мадрид и Барселона имаше и синоќа на прекрасниот „Метрополитано“.

Пред натпреварот навивачите на Атлетико Мадрид кренаа големо покривно знаме на лик кои со дрес на клубот стои зад решетки, а долу имаше натпис: „Мојата слатка осуда“ како алузија на нивниот центарфор Хулиан Алварез кој силно сакаше да си оди во Барселона летото па подоцна се покаја и извини.

Домаќините како и секогаш, тргнаа јуришно кон голот на Барса, а околу 70.000 навивачи правеа заглушувачка врева. Џулијано Симеоне го отвори резултатот после прекрасна асистенција на Хулиан Алварез. За експлозија на стадионот уште во 9' минута. Но гостите се вратија и победија.

По почетното водство синоќа на домаќините и страшната еуфорија, гостите застанаа на топка.

Барселона се созема, до крајот на првиот дел во 45' минута израмни преку Фермин Лопез а истиот фудбалер кој заслужено беше избран за играч на мечот во 66' минута даде гол за пресврт 1-2:

Овој натпревар многу потсеќаше на оној од април меѓу двете екипи кога исто Атлетико Мадрид поведе преку Џулијано Симеоне а Барса тогаш се врати и славеше преку Левандовски и Маркус Рашфорд.

 

9 ноември 2026 - 08:48