Вести

Хидроксихлорокинот го умреа, ама:

Науката уште се лекува од лажни податоци

Една студија од времето на пандемијата сериозно ја насочи глобалната здравствена политика а имаше и зошто. Таа се темелеше на импозантен обим на медицински податоци за речиси сто илјади пациенти од речиси 700 болници ширум светот. Имаше само еден проблем - податоците биле лажни.  

ГТА6: Симулација на папучар

Она што веќе го нема во новата верзија на Grand Theft Auto а она што е додадено во неа доста зборува за тоа како е светот променет во оние 13 години кога се чекаше шестото издание за кое биле инвестирани можеби и две милијарди долари. Главниот лик веќе не може да набави проститутка ама затоа може да го кречи станот на девојката.    

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Психолозите ги напуштаат класичните тестови за интелигенција во обидите да откријат и да дефинираат што денес ги прави децата паметни. Повеќето тестови го наградуваат детето кога ќе ги пронајде точните одговори на 50 тешки прашања. Денес многу повеќе се цени љубопитноста и креативноста, кога на едноставно прашање дава 50 различни одговори.

Речник

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Основачот на одбранбено-технолошката компанија „Андурил“ го засилува својот лик на негативец од филмовите за Џејмс Бонд со нов контроверзен проект: Центар за податоци надграден во град-држава, кој би пловел по океанот надвор од сите јурисдикции, регулативи и прописи. Жителите на вештачкиот остров SLAB би изградиле сопствен систем на управување.

Како бирократијата стана европски начин на живот

Европа со векови бараше начини да ги обедини своите народи склони кон кавги. Се обиде христијанството, се обидоа и разни императори, но со слаб успех. Есперантото никогаш не заживеа. Фудбалот и Евровизија го обединуваат континентот на неколку вечери секоја година. Таму каде што потклекнаа цареви, победа извојуваа бирократите.

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Додека светот се соочува со нестабилни енергетски пазари, Данска пронајде алтернатива буквално во сопствениот двор. Со биогасот што го произведува од фармите за свињи полни 40% од гасоводната мрежа, најмногу во Европа. Во регионот Сондерборг, две постројки произведуваат доволно биогас за да се задоволат 100% од годишните енергетски потреби.

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Хенри Кисинџер своевремено го поставил прочуеното прашање: „Кој број да го завртам ако сакам да се јавам во Европа?“ Половина век подоцна, Европа сè уште е фрагментирана на интереси и надлежности. Не може да избере ни единствен лидер што би ја претставувал и на преговорите со Русија, на кои ќе се решава идната безбедносна архитектура на континентот. 

Макрон спремил бункер за бегство од Елисејската палата

Соочен со се помасовни и понасилни протести, францускиот претседател Емануел Макрон спремил план за бегство од Елисејската палата ако демонстранти ја загрозат неговата резиденција, тврдат истражувачки новинари во нова книга. Службите разработуваат и планови за реакција при уште пожестоки нереди за време на претседателските избори идната година.

Министерството за вистина на Ентони Албанезе

По неколку неуспешни обиди блокирани од Сенатот, австралиската лабуристичка влада повторно се обидува да воведе цензура на интернетот – овој пат скриена во Предлог-законот за дигитална должност за грижа. Навидум безопасниот наслов го прикрива веројатно најзначајно преземање на контролата врз интернетот од страна на која било влада на Западот.

Холандија воведе затворски казни за имигранти што одбиваат депортација

Холандија одобри реформа со која предвидуваат затворски казни за илегални имигранти кои одбиваат да соработуваат со властите и ја одбиваат наредбата за депортација. Се прошируваат условите во кои органите може да прогласат некое лице за „непожелно“ и времето на задржување во притвор за да се утврдат околностите за делото поради кое биле уапсени.

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Додека Вашингтон и Москва се обидуваат да конструираат нова безбедносна архитектура на континентот, Европски аналитичари развиваат сценарија за војна на НАТО со Русија, веќе во 2030 година. Сценариото изработено од RAND Europe проектира пораз на НАТО, како дискретен повик за милитаризација, засилување на одбранбената индустрија и цивилната заштита.

Трамп на време ги продал акциите во Nvidia

Претседателот Трамп, кој беше близок до Џенсен Хуанг, пред три месеци продал акции на Nvidia во вредност од милион долари, пред да почнат вртоглаво да паѓаат. Уште повеќе заработил демократски конгресмен, кој ги продал акциите кога имале историски максимална вредност, неколку дена пред да избувне скандалот со љубовната афера на Хуанг со кинеска шпионка.

Соседите одбиваат да му ја затворат задната порта на Иран

Државниот секретар Рубио изјави дека САД немаат потреба да го бомбардираат Иран, туку економски ќе го исцрпуваат со современа форма на средновековна опсада. За таа цел е формирана работна група „Железна порта“. Операцијата, сепак, зависи од соседите на Иран, кои имаат сопствени интереси и се противат на американската иницијатива за затворање на обрачот.

Љубовта на Берлин и Јурасика Парка

Германскиот лекар Пол Бранденбург неодамна беше уапсен во Берлин поради објави на социјалните мрежи кои наводно го „навредуваат“ градоначалникот во заминување, Каи Вегнер. Во објавите се критикуваат врските на Вегнер – како и на берлинската влада – со „Јурасика Парка“, осуден педофил и „дрег-кралица“. А „Јурасика“ двапати е осудуван за поседување или ширење детска порнографија.

Сибирски шаман ќе жртвува 60 камили за победа на Путин

Рускиот „врховен шаман“ Артур Цибиков планира да жртвува 60 камили во маратонски ритуал за да му помогне на Владимир Путин да победи во војната во Украина. Секој месец ќе им принесува по пет жртви на древните славјански богови, со надеж дека ќе ја прифатат прошката и ќе им помогнат на руските сили да победат во војната што ја водат речиси пет години.

Партијата на Мерц бара црн список за критичари на климатски политики

Пратеници од владејачката ЦДУ во Баден-Виртемберг побараа од покраинската влада да објавува список со имиња на лица и организации кои шират содржини оквалификувани како „климатски дезинформации“. На црниот список би биле и оние што ја критикуваат ефикасноста и цената на владините мерки за борба против климатските промени.

Нова инвазија на мигранти врз Шпанија

По шокот од јули, кога во енклавата Сеута за само два дена упаднаа над 50.000 мигранти од Мароко, Шпанија е изложена на тивка, но масовна инвазија врз Канарските Острови. Во текот на ноември таму со чамци пристигнале повеќе од 6.600 мигранти. Локалните лидери ја обвинуваат владата во Мадрид дека нема политика за мигрантите и не ги заштитува границите на Шпанија.

Зошто Латиносите му свртеа грб на Трамп

Клучниот фактор за изборниот пораз на републиканците беше губењето на поддршката од Латиносите. Оваа заедница реагираше на лошо спроведената акција против миграцијата, што не значи дека ги прифаќа идеите на демократите. Во голема мера го посакуваат истото што и повеќето Американци: добра плата, семејна куќа, квалитетни училишта и јавна безбедност.

Британските шпиони изгубиле илјадници УСБ стикови

Британската служба за дигитално шпионирање изгубила илјадници мемориски стикови со чувствтителни податоци за надгледувани лица. Невини луѓе биле идентификувани како терористи. МИ5 лажела пред суд за протекување податоци. Наместо да преземат одговорност и да одговараат за инцидентите, службите бараат уште пошироки овластувања за надзор.

Гејтс: Глобална катастрофа ќе го освести светот за ВИ

Бил Гејтс ја плаши светската јавност со нови предвидувања за ужасни катастрофи предизвикани од злонамерни групи „вооружени“ со ВИ. Инсистира владите низ светот да ја преземат контролата врз развојот на новата технологија и да воведат строги мерки, исто како за авиосообраќајот и лековите, за да спречат инциденти со повеќе жртви отколку пандемијата на ковид.

Nvidia продавала чипови на фантомски кинески фирми

САД имале основа да се сомневаат во активности на Nvidia на пазарот во Кина уште пред Јенсен Хуанг да признае дека имал вонбрачна афера со жена ангажирана да шпионира за Пекинг. Чипови на Nvidia за вештачка интелигенција биле доставувани до десетици фантомски компании поврзани со фондови кои биле под санкции како ризик за националната безбедност на САД.

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Проституција, марихуана, кокаин.Така изгледа развојното портфолио на албанските банди во Англија кои денес апсолутно доминираат на црниот пазар вреден милијарди фунти. Работат тивко, важат за ефикасни партнери кои држат до дадената беса а во нивните крвно поврзани ќелии полицијата тешко се инфилтрира. Но, тие пари некаде мора да се исперат и тоа ја бранува Албанија. 

Верувањето во магии опстојува во модерниот свет

Луѓе наклонети кон науката и секуларното расудување отфрлаат „божји чуда“, но честопати веруваат во магии, суеверија, духови и клетви. Современиот пресврт кон рационалноста не ја елиминира фасцинацијата на луѓето од натприродното, туку само ја ослободува верата од институционалните ограничувања и авторитети, покажуваат резултати од ново истражување.

Европа треба да се вклучи во трговските синџири на Кина

Европските производители се во заблуда кога мислат дека можат да се натпреваруваат со кинеските. Ќе мораат да ја сменат стратегијата и, наместо да се тркаат, да бараат место за себе во кинеските глобални синџири за снабдување. Во спротивно ќе продолжат да бележат загуби и да отпуштаат работници, предупредува Јенс Ескелунд, шефот на Трговската комора на ЕУ во Пекинг.

Професор со лажна диплома предавал за „лажни вести“

Скандалите со престижните универзитети кои не ги проверуваат квалификациите на „угледните“ професори што ги ангажираат се проширија на Ирска. Професорот по новинарство Том Фел, кој бил цитиран и ангажиран како експертски советник во кампањи против ширење лажни вести и дезинформации, со години лажел дека докторирал.

Владата на Туск ќе замрзнува имоти без судска одлука?

Само неколку дена по неуспешниот обид на владата Туск да ја преземе контролата врз судството, полските пратеници усвоија закон кој на владата ѝ дава право без судски одлуки да замрзнува сметки на граѓани и компании за кои ќе процени дека се закана за националните интереси. Опозицијата стравува од злоупотреба на законот против политички противници.

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Додека САД и Израел почнаа војна за да го променат режимот во Техеран, ја разнишаа власта на својот главен партнер во регионот. Саудискиот престолонаследник е загрозен од финансиска криза, демографски фактори, воени порази и отпорот кон либерализацијата. Прашање е само дали ќе биде отстранет од други членови на династијата Сауд, или кралство целосно ќе се распадне? 

Се изгуби ли поентата на Парискиот климатски договор?

Уште од потпишувањето на Парискиот договор во 2015 година, владите низ светот се обрзаа да го ограничат глобалното затоплување. Откако Трамп ги повлече САД од договорот, развиените земји престанаа да ги исполнуваат целите, а конференциите се претворија во бирократски лавиринти. Последната надеж се амбициите на Кина да продава соларни панели и коли на струја.

Oбединувањето ќе ја чини Ирска десетици милијарди евра годишно

Двете владејачки партии во Даблин претставија анализи за трошоците од обединувањето на Ирска. Процесот на интеграција би требало да трае 25 години. Само во првата година, цената би можела да варира од 3,2 до 25 милијарди евра, во зависност од усвоениот модел и од договорот на Лондон и Даблин кој ќе плаќа за пензиите и долговите.

Кина сеирџиски задоволна од изборите во САД

По неодамнешните американски избори, кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“ објави напис во кој го слави претстојниот крај на демократијата со оценка дека ‚митот‘ за демократијата од западен тип ја губи својата привлечност, дури и на самиот Запад. Кина не е единствената земја што во избореите во САД виде најава за своја долгорочна победа. Иран, на пример.