Вести

Холандија воведе затворски казни за имигранти што одбиваат депортација

Холандија одобри реформа со која предвидуваат затворски казни за илегални имигранти кои одбиваат да соработуваат со властите и ја одбиваат наредбата за депортација. Се прошируваат условите во кои органите може да прогласат некое лице за „непожелно“ и времето на задржување во притвор за да се утврдат околностите за делото поради кое биле уапсени.

Сценарио на Европа за 2030 година:

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Додека Вашингтон и Москва се обидуваат да конструираат нова безбедносна архитектура на континентот, Европски аналитичари развиваат сценарија за војна на НАТО со Русија, веќе во 2030 година. Сценариото изработено од RAND Europe проектира пораз на НАТО, како дискретен повик за милитаризација, засилување на одбранбената индустрија и цивилната заштита.

Трамп на време ги продал акциите во Nvidia

Претседателот Трамп, кој беше близок до Џенсен Хуанг, пред три месеци продал акции на Nvidia во вредност од милион долари, пред да почнат вртоглаво да паѓаат. Уште повеќе заработил демократски конгресмен, кој ги продал акциите кога имале историски максимална вредност, неколку дена пред да избувне скандалот со љубовната афера на Хуанг со кинеска шпионка.

Речник

Соседите одбиваат да му ја затворат задната порта на Иран

Државниот секретар Рубио изјави дека САД немаат потреба да го бомбардираат Иран, туку економски ќе го исцрпуваат со современа форма на средновековна опсада. За таа цел е формирана работна група „Железна порта“. Операцијата, сепак, зависи од соседите на Иран, кои имаат сопствени интереси и се противат на американската иницијатива за затворање на обрачот.

Љубовта на Берлин и Јурасика Парка

Германскиот лекар Пол Бранденбург неодамна беше уапсен во Берлин поради објави на социјалните мрежи кои наводно го „навредуваат“ градоначалникот во заминување, Каи Вегнер. Во објавите се критикуваат врските на Вегнер – како и на берлинската влада – со „Јурасика Парка“, осуден педофил и „дрег-кралица“. А „Јурасика“ двапати е осудуван за поседување или ширење детска порнографија.

Сибирски шаман ќе жртвува 60 камили за победа на Путин

Рускиот „врховен шаман“ Артур Цибиков планира да жртвува 60 камили во маратонски ритуал за да му помогне на Владимир Путин да победи во војната во Украина. Секој месец ќе им принесува по пет жртви на древните славјански богови, со надеж дека ќе ја прифатат прошката и ќе им помогнат на руските сили да победат во војната што ја водат речиси пет години.

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Соочен со голема криза во продажбата и конкуренцијата од кинеските возила, германскиот автомобилски гигант Фолксваген го запира развојот на електрична верзија на својот најпродаван модел „голф“. Проектот не е целосно откажан, но фокусот ќе биде префрлен на внатрешна реорганизација на компанијата која годинава бележи загуби од стотици милиони евра.

Франција ќе ги оданочува и гигабајтите на интернет

Во обид да ја пополни огромната дупка во буџетот, Франција заклучи дека може да го оданочува и сообраќајот на интернетот. Собранието усвои амандман со кој креаторите на содржини на интернет ќе плаќаат по 0,055 евра за секој гигабајт од филмови и игри. Планот е да се собираат по околу 10 милијарди евра годишно. Цената на крајот ќе ја платат француските семејства.

Можат ли демократите да ја поништат револуцијата на Трамп?

Ако демократите ја вратат контролата врз Претставничкиот дом, а можеби и врз Сенатот, се поставува прашањето дали конечно ќе успеат да го демонтираат популизмот на Трамп, што не им појде од рака во претходните години. Одговорот, најверојатно, е не: и покрај необично бурното владеење, Трамп всушност го институционализираше својот популистички бунт.

Секс, лаги и нелегални мигранти

Британските власти ги оспоруваат извештаите дека странски државјани и нелегални мигранти се одговорни за непропорционално повеќе силувања и физички напади врз жени, но ги кријат официјалните податоци за насилства расчленети по националности. Наместо да се соочат со проблемот, ги префрлаат мигрантите од хотели во поранешни бази, загрозувајќи други заедници.

Израел се плаши од блиц-криг на Трамп врз Иран

Трамп испраќа оружје кон Персискиот залив и отворено му се заканува на Иран со моќен воен удар веднаш штом ќе завршат изборите за Конгресот на 3 ноември. Израелски офицери стравуваат дека САД по канонадата ќе ја прогласат војната за завршена и ќе се повлечат, оставајќи го Израел сам да најде начин како да го собори режимот во Техеран и да ја уништи нуклеарната програма.

Европа ја чека студена и скапа зима

Соочена со полупразни резервоари, пресечен глобален синџир на снабдување и прогнози за рана и студена зима, Европа ќе ги трпи последиците од сопствената забрана за увоз на гас од Русија. Со оваа политика не се ослободи од енергетската зависност, туку всушност го замени добавувачот, на големо задоволство на САД, каде што цените на гасот се 11 пати пониски од Европа.

УСАИД водел сопствена надворешна политика

Американски и латиноамерикански функционери тврдат дека УСАИД ја злоупотребувала својата мисија и финансирала левичарски политичари и нивните каузи низ Латинска Америка. Обвинувањата почнаа откако неколку земји во регионот избраа конзервативни лидери по одлуката на Трамп да ја укине Агенцијата за меѓународен развој.

Има ли Германија интерес да ја заврши војната во Украина?

Германската политика во војната во Украина е „скапа и практична“. Берлин плаќа, останува морално чист и ги остава другите да бараат непопуларни компромиси. Држејќи се на страна, индустријата и политиката се прилично задоволни од војната поддржана (делумно) од германски пари и германско оружје, но во која нема да загине ниту еден Германец. 

Авганистанците му се враќаат на афионот

Строгата забрана за одгледување афион што ја наметнаа талибанците не само што предизвика криза на нарко-пазарите на Западот, туку и фрли во сиромаштија многу авганистански семејства. Принудени да се префрлат на памук и други култури, земјоделците не можат да си ги прехранат децата. Многумина му се враќаат на афионот, свесно ризикувајќи јавно камшикување и затвор.

Бараат луѓе да им ги шетаат роботите

Стартап од Сан Франциско објави необичен оглас за вработување. Бара луѓе за шетање роботи по истите услови како да се домашни миленици, со вообичаената тарифа од 20 долари на час. Целта е роботите директно да се запознаат со средината и правилата на урбаната џунгла во која наскоро ќе мораат самите да патролираат. Шетачот само треба да ги врати дома здрави.

Микробиолошкиот „Џони Деп“ ја доби микробиолошката „Амбер Херд“

Во 2022 година, за биологот Дејвид Сабатини пишавме: „Пред само неколку години важеше за генијалец и еден од најголемите живи научници кому му се предвидува Нобелова награда затоа што е на траг да открие лек за рак. Денес човекот не може да се вработи никаде во САД“. Четири години подоцна, да апдејтираме: Сабатини доби милионска отштета.

Трамп почна да ги продава своите изјави

Фирми за тргување од Вол Стрит постигнаа договор со социјалната платформа на Доналд Трамп за да ги добиваат објавите на претседателот на Truth Social со временска предност од едно трепкање со очите. Човек не може да го забележи доцнењето, но на алгоритмите тоа може да им даде голема предност за тргување на пазарите, за која се спремни да платат и по 100.000 долари месечно.

Европските граничари ќе стражарат и над социјалните медиуми

Европската комисија планира да го прошири мандатот на европската гранична полиција Фронтекс со следење објави на социјални медиуми со цел да се откриваат и да прекинуваат синџири за шверцување мигранти. Поранешен шеф на Фронтекс предупредува дека новите овластувања претставуваат „обид за цензура на слободата на говорот во Европа“.

Крадците се префрлија од банки на хардвер за дата-центри

Додека технолошките моќници заработуваат стотици милијарди долари од бумот на вештачка интелигенција и изградбата на огромни центри за податоци, се појави нова генерација организирани банди која со задоволство ги краде „трошките“. Само во изминатите четири месеци е украдена опрема за центри за податоци во вредност од стотина милиони долари.

Британците од зорт се изнакупуваа тоалетна

Британците се вратија во времето на карантините, преплашени од тревогата од министерот за одбрана секое семејство да направи тридневни залихи поради закани од војна или вонредни ситуации како кибернетски напад врз инфраструктурата и природна катастрофа. Панично купуваат тоалетна хартија, конзервирана храна, вода, радиоапарати и батерии.

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Долги години на пластичните цевки им се наметна етикета на душман на планетата и човековата околина, речиси на ниво на шумски пожари или токсични испарувања. Пошто не цица леп него упоран, успеаја па ги наметнаа хартиени цевчиња, за наместо да цевчиме како луѓе, шмукаме низ раскашавена картонска туба. За среќа, науката се фати за сламка. 

Болница во САД вакцинира деца под анестезија

Детската болница во Филаделфија лани им дала вакцини против грип на над 2.000 деца додека биле под анестезија, иако една третина од родителите подоцна изјавиле дека не планирале да ги имунизираат своите деца. Болницата сега ја разгледува можноста да ја прошири програмата и на ист начин да вакцинира деца против ковид.

Обвинителството попусто ја чека Урсула да одговара за „Фајзергејт“

Претседателката на Европската комисија сè уште не сведочела пред Европското јавно обвинителство за истрагата за набавка на вакцини против коронавирусот. Главната обвинителка Лаура Ковеши на која задутре ѝ завршува мандатот, се жали дека Брисел преку сложената бирократска архитектура упорно ја поткопува работата на Обвинителството.

Наместо да протестираат, младите Германци емигрираат

Германските политичари и регионалните власти се плашат дека демонстрациите на големите градови закажани за Ноќта на вештерките би можеле да прераснат во улични насилства како оние во Франција. Но, тивкиот бунт на германската генерација З не се одвива на улиците. Младите едноставно ја напуштаат државата.

Никој не вади ќар од ВИ освен технолошките гиганти

И покрај огромните суми пари што постојано се вложуваат во развојот на вештачката интелигенција, реалниот поврат на инвестициите за компаниите што се надвор од технолошката индустрија е нула. Ова ја зголемува загриженоста дека бумот на новата технологија отвора огромна финансиска „дупка без дно“ која на крајот би можела самата да се урне.

Не им се погоди сезоната на климатските паничари

Невообичаено тивката сезона без урагани во Северниот Атлантик оваа година ги разочара научниците од проектот „нето-нула“. Објаснувањето дека лошото или екстремното време е природен настан како и сите други видови не се вклопува во нивната однапред одредена нарација чија цел е да поттикне паника кај населението и да оправда владини политики.

САД градат „Тврдина“ за глобална војна

Пентагон објави долгорочен план за одбрана на САД од глобална војна. Воените бази ќе мора самостојно да издржат три месеци во услови на изолација, прекин на синџирите на снабдување и парализирани енергетски мрежи. Цивилни фабрики ќе мора да бидат спремни да произведуваат оружје. „Тврдината“ ќе се гради со години и може да чини стотици милијарди долари.

Државата диктира што ќе гледаат Германците на социјалните мрежи

Германските покраини сакаат да ги преплават социјалните платформи со новинарски содржини прочистени и одобрени од државата. Новата мерка би им овозможила на радиодифузерите финансирани од државата да ја прошират својата видливост во однос на приватните конкуренти кои се потпираат на рекламирање или претплати. 

Антропик се претстави како темпирана бомба за човештвото и инвеститорите

Во обемната документација понудена на увид пред широката јавност спроти планираното настапување на берзата, Антропик издвои 92 страници за да ги опише сите свои закани – и за човештвото и за инвеститорите. Сепак, се очекува компанијата што предупредува на апокалиптични сценарија и огромни загуби да надмине вредност од 2.000 милијарди долари.