Вести

Наставници ќе препознаваат „идни невработени“ меѓу децата

Основните училишта во Англија ќе бидат задолжени да предвидуваат кои деца најмногу се изложени на „ризик дека ќе бидат невработени“ откако ќе го завршат школувањето на 16-годишна возраст. Без оглед на нивните потенцијали да напредуваат подоцна, оваа група деца ќе биде насочена по друга патека што води кон занаети и дефицитарни професии.

Интересен пакт:

Истокот се прераспоредува

Пакистан, Турција и Саудиска Арабија - американски сојузници со мнозинско сунитско население, потпишаа одбранбен договор со кој се обврзуваат на воена солидарност ако било која од нив биде нападната. Иако трите земји негираат, Пактот е јасно насочен против шиитскиот противник Иран, кој како победник во војната со САД е спремен да го прошири своето влијание врз регионот.

Како Европа ја покори Унгарија

Двотретинското мнозинство ѝ овозможи на владата на Маѓар да уништи сè што останало од стариот систем и да осигури дека Виктор Орбан и неговата партија никогаш повеќе нема да се вратат на власт. Иако чистката во Будимпешта има помалку допирни точки со владеењето на правото од режимот на Орбан, Брисел ја наградува со политичка и финансиска поддршка.

Речник

Подемот и падот на лажливиот професор од Кембриџ

Џејсон Ардеј стекна светска слава кога беше назначен за најмладиот црн професор во историјата на Универзитетот во Кембриџ. Сега поднесе оставка поради плагијат на докторатот. Факултетите се уловиле на неговата приказна дека научил да пишува на 18 години, а на 30 веќе докторирал, па го промовирале како успешен пример за „различност“ без да проверат дали можеби ги лажел.

Заврши окупацијата на запуштениот имот на Македонија во Цирих

Запуштената зграда во Цирих во сопственост на Република Македонија и во која треба да биде сместен конзулат, десетина дена била окупирана од група левичарски активисти. Се вселиле нелегално затоа што објектот со години бил напуштен. Полицијата во четвртокот ја пронашла куќата празна, со многу ѓубре оставено од дивовселените. Зградата уште чека некој да ја реновира.

Израелски крт во Обединетите нации

Израел уфрлил шпион во ОН за да ѝ дојавува на владата во Тел Авив доверливи информации во време кога Израел се соочуваше со истрага за воени злосторства во Газа, покажуваат протечени електронски пораки. Функционерите во ОН потпишуваат изјава дека ѝ служат само на организацијата, а не на своите земји, но нема санкции ако некој го прекршува правилото.

Од новиот пакет санкции на ЕУ за Русија остана само празна кутија

Европската Унија не може да го договори својот 21-ви пакет санкции против Русија, бидејќи владите на повеќе членки одбиваат да поддржат мерки од кои поголема штета имаат домашните компании отколку руските. Грција, Франција, Италија, Германија, Австрија и Португалија – побараа исклучоци или целосно ги блокираа предложените мерки.

На Трамп му останаа само ужасни опции за Иран

САД и Иран повторно заглавија во ќорсокак на престрелки во кои никој не може да воспостави контрола врз Ормускиот проток. Техеран практично нема други опции, а Трамп е соочен со непријатен избор: или да прифати иранската хегемонија над теснецот, или да ја ескалира војната со сценарија што водат кон уште поголема катастрофа. 

Нов скандал во Украина: Станови по цена на мобилен телефон

Во чувствително време кога Украинците протестираат поради разрешувањето на популарниот министер за одбрана, откриен е нов голем корупциски скандал. Братот на првиот човек на Државното биро за истраги купувал десетици станови и имоти по цена на мобилен телефон. Не за квадрат, за цел стан. Суд им забрани на медиумите да пишуваат за случајот.

Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2 милиони долари за групи од Источна Европа и Балканот кои се спротивставуваат на обидите за поткопување на западните цивилизациски норми.

Нафтата си најде пат околу Ормускиот проток

Главните играчи на пазарот на нафта не чекаат да видат како ќе заврши војната помеѓу САД и Иран и кој ќе ја преземе контролата врз Ормускиот теснец. Кој и да победи, ќе сака да наплаќа патарина, а секоја нова искра може повторно да ги блокира танкерите. Арапските земји и нафтените компании забрзано бараат начини трајно да го заобиколат овој воден пат.

Терористи масовно користат ВИ за поубиствени напади

Вештачката интелигенција пристигна како порачана за криминалците и измамниците. Хакерите имаат моќни алатки да пробиваат дигитални заштити и да крадат чувствителни податоци. Фалсификатори полесно копираат уметнички и генерираат лажни потврди за автентичност. Неизбежно беше ботовите да им помагаат на терористи и на бомбаши.

Полска скапо ги плаќа одбиените вакцини од Фајзер

Варшава мора да плати отштета од 1,3 милијарди долари за десетици милиони вакцини против ковид од Фајзер кои ниту сакала да ги прими ниту биле произведени, туку само биле нарачани преку шемата на Урсула фон дер Лајен. ЕУ застана во улога на извршител за американската компанија. Во спорот ни крива ни должна настрада полската контрола на летови.

Млади, не пушат, здраво се хранат, а почесто имаат рак на бели дробови

Исхраната богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки долго време се смета за темел на одржувањето на здравјето и намалувањето на ризикот од болести, вклучително и рак. Сепак, ново истражување покажува дека млади Американци кои здраво се хранат и не пушат имаат натпросечна веројатност да развијат рак на белите дробови.

ЕУ им дозволи на фабриките уште една деценија да испуштаат ЦО2

Европската комисија ги разлабави строгите мерки кои ги принудуваа компаниите да плаќаат за секој тој јаглеродни гасови што ги испуштаат од фабричките оџаци. Брисел не отстапува целосно од својата Зелена агенда, но признава дека амбициите биле избрзани, нереалистични, прескапи и придонеле за намалување на глобалната конкурентност на европската индустрија.

Анатомија на злосторството врз иранските деца во Минаб

Разузнавачите и воените планери во Вашингтон имале јасни податоци дека иранската „воена база“ во Минаб всушност е основно училиште, но сепак одобриле да бидат лансирани два брана проектили, кои убија најмалку 120 деца и 36 цивили. Скај њуз со помош од форензички експерти ја состави целата приказна за злосторството во Минаб, од лошите проценки до прикривањето.

Одборот на Трамп ги кастри амбициите за Газа

Трамп го претстави Одборот за мир во Газа како глобално тело што ќе им парира на ОН. Неговиот зет Кушнер објави дека инфраструктурата ќе биде обновена за 100 дена и дека енклавата ќе прерасне во монденски центар на Медитеранот. Половина година подоцна, присуството на Одборот за мир на теренот се сведува на неколку косовски офицери, а и тие не се во Газа.

Трамп ги обвини Кина и Длабоката држава за „изборната кражба“ во 2020 година

Во досега најсериозен обид да прикаже дека му била украдена победата на изборите во 2020 година, претседателот Трамп ја обвини Кина за мешање во изборниот процес. Но, главната одговорност за ударот врз демократскиот систем ја префрли врз американските разузнавачки служби, кои ги прикривале извештаите за странски мешања и за 278.000 „фантомски“ гласови.

Забрана за снимање атлетичарки од „вулгарни“ агли

Европскиот радиодифузен сојуз (EBU) објави ново упатство за преноси од атлетски натпревари. Камерите повеќе не треба да ги ловат атлетичарките од агли за кои смета дека го сексуализираат женското тело. Фокусот буквално треба да се префрли на спортските постигнувања. Критичарите реагираат: Спортот така ја губи улогата на величање на убавината на човековото тело.

Иран: Кушнер и Виткоф лично профитираат од преговорите

Ирански функционери се пожалиле кај Венс дека Џаред Кушнер и Стив Виткоф ја злоупотребуваат позицијата на преговарачи. Наместо да работат за договор, тие собираат податоци за Мосад и повеќе се интересираат за инсајдерски информации од кои може лично да профитираат. Доколку се потврди, ова е еден од најзначајните финансиски скандали во модерната дипломатија.

Дрон против комарци може да спаси милиони животи

Автономен дрон кој со стопроцентна гаранција ги уништува комарците може да биде решавачкото оружје во вечната борба против инсектите што пренесуваат маларија и разни други заразни болести. Важи за поефикасен од разните запрашувања, спрејови, светилки и механички тепалки, а воедно не претставува ризик за околината, дури ни за другите инсекти.

Имаме уште три билиони дрвја

Комбинирајќи теренски и сателитски информации, научниците процениле дека на планетава постoјат околу 3,04 билиони дрвја. Тоа се 390 дрвја по човек. Не звучи лошо ако се занемари фактот дека од почетокот на цивилизацијата имаме изгубено 46 проценти од шумскиот покривач. А годишно и натаму губиме по околу 15 милијарди стебла.

Чесните не издржуваат долго во кабинетот на Зеленски

Зеленски потврди дека во неговиот кабинет нема место за луѓе што не се вклопуваат во мрежата на корумпирани генерали и олигарси кои профитираат од војната. Особено ако веднаш станат популарни, како Михајло Федоров, кој е заслужен за развојот на стратегијата „Армија на дронови“ и реши да го среди хаосот во Министерството за одбрана.

Хегсет ќе им пумпа тестостерон на војниците

Министерот за одбрана на САД нареди задолжителна проверка на нивото на тестостерон кај сите војници постари од 30 години. Ако немаат доволно, ќе добијат терапија со суплементи. Таквата политика треба да создаде армија воини физички спремни за битки, но и да придонесе за здравјето на мажите и кога ќе ја напуштат војската. Хегсет не спомна ништо за жените.

Трамп не може да го отвори Ормускиот проток без копнена инвазија

Претседателот Трамп со месеци се обидува на сила да го принуди Иран да го отвори Ормускиот теснец, - со бомбардирања и поморски блокади и со закани за уништување на „цела цивилизација“. Но, за да го врати слободниот премин на бродовите во состојба каква што беше пред војната, потребна му е многу поголема сила од армада воени бродови.

Американската војска допрва излегува од Ирак

После цели 23 години, и последната американска воена чизма ќе го напушти Ирак. При врвот на воените операции, Ирак беше окупиран од над 170.000 американски војници. Она заради кое тврдеа дека мора да влезат, наводното хемиско оружје на Садам Хусеин, никогаш не беше најдено. Садам одамна е мртов ама ирачката нафта е жива.

Америка отвора војна против меѓународниот суд бидејќи онаа со Иран е понезгодна

Американскиот државен секретар ја префрли топката на терен на Меѓународниот кривичен суд не затоа што има некоја најава дека по налог на судот би можел да настрада некој нивен во странство. Марко Рубио се закани дека ќе го размонтира судот бидејќи е тоа многу полесно отколку да го размонтира теократскикот режим во Иран.   

Украина со европски пари ќе купува дронови од Кина

Европската Унија го обвинува Пекинг дека со продавањето нафта и индустриска опрема на Русија ја поддржува војната во Украина. Брисел сега му дозволи на Киев со европските пари да купува кинески делови за воените дронови, кои се одговорни за 80% од сите руски жртви на фронтот. Тоа не го смета за поддржување на војната, сè додека гинат непријателски војници.

„Растителното месо“ има повеќе адитиви од вистинското

Милиони луѓе се префрлаат на растителни замени на месото и на млечните производи за да се хранат „поздраво“. Нова студија открива дека алтернативите се полни со гуми, емулгатори и стабилизатори за да го имитираат вкусот и текстурата на месото и млекото што треба да ги заменат. Не се нужно штетни за здравјето, но немаат никаква предност во однос на природните.

Населението на ЕУ го достигна врвот, по 2029 ќе оди само надолу

ЕУ сега има 450 милиони жители и по 2029 година ќе почне да губи население и ќе старее, покажува нов демографски извештај. Падот на наталитетот и зголемувањето на просечниот животен век ќе го продлабочува јазот помеѓу работоспособните и пензионерите и ќе предизвика внатрешна миграција на младите од источните региони кон урбаните центри на запад и север.