Досега се повлечени 775 фабрикувани трудови за ковид и вакцини

Научно списание повлече труд за вакцинацијата против ковид-19, откако било откриено дека главниот автор вметнувал фабрикувани податоци и слики. Во трудот објавен пред четири години се тврдеше дека вакцинацијата против SARS-CoV-2 поттикнува создавање на силни антитела. Досега се повлечени близу 800 лажни студии поврзани со коронавирусот и вакцините.

Измамата ја открил лондонскиот институт „Френсис Крик“, во која работеле или сè уште работат некои од авторите на трудот. Во статијата од јули 2022 година се разгледуваше дали вакцина насочена кон одреден дел од вирусот SARS-CoV-2 би можела да помогне во одбраната од поширок опсег на варијанти на ковид-19 кај глувци. Според алатката за пребарување „Web of Science“ студијата била цитирана 83 пати.

Истрагата открила манипулирани податоци, како и некои за кои не може да се утврди изворот. Главниот автор, Кевин Нг, кој работел во институтот во 2022 година, ја признал одговорноста за поткрепување на трудот со измислени податоци и фалсификувани слики.

Постоењето на фалсификувани податоци фрла сомнеж врз некои други експерименти претставени во трудот, за кои не се достапни примарните податоци и примероци, што оневозможува накнадна проверка. Во согласност со наодите од истрагата, го повлекуваме трудот, објави научното списание.

Во јануари, влијателното списание Nature повлече уште еден труд потпишан од Нг, во кој се испитуваа реакциите на клетките во белите дробови кај пациенти со рак на имунотерапија.

Истрагата не покажала докази за неправилности од страна на ниту еден друг автор, освен од Нг. Неговите улоги во истражувањето биле „концептуализација, формална анализа, истражување, методологија, валидација, визуелизација, пишување, првичен нацрт, рецензија и уредување“.

По дипломирањето на на „Крик“, Нг бил постдокторски истражувач на Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк. На неговата веб-страница со биографски податоци се наведува дека пишува за музика и култура. Архивирана верзија од страницата покажува дека имал докторат по биологија и дека спроведувал истражувања за вирусни инфекции, рак и генетика. На страницата нема наведено никакви податоци за контакт. Во март годинава Нг се потпишал на рецензија во Њујорк тајмс за операта „Турандот“ од Пучини.

Порталот Retractiowatch наведува дека поради манипулирање со податоци и извори досега се повлечени 775 научни трудови за ковид-19, а поради сомневања се проверуваат уште 21.

******
Види и: Медицинската наука е полна со фалц истражувања

Науката НЕ е консензус

19 октомври 2026 - 09:13