Досегашните студии кај луѓе со долготраен ковид главно се фокусираа на воспаление на мозокот и промени во имунолошкиот систем, но ниту една од нив директно не испита дали се зафатени невроните во мозокот што произведуваат допамин – кој е познат како „хормон на среќата“. Тој е клучен хемиски преносител во мозокот и тесно е поврзан со мозочниот систем за наградување.
Прелиминарна студија во Канада на 24 лица со долготраен ковид откри значителни промени во некои мозочни региони, во споредба со здрави учесници на иста возраст. Ниту еден од учесниците во истражувањето немал активна инфекција, но сите имале постојани и исцрпувачки симптоми уште од првичното заболување од ковид. Сите во одредена мера пријавиле недостаток на мотивација, а како група покажале послаби резултати на тестовите за меморија и брзина на движење.

Кај оние со поизразени симптоми биле забележана намалена густина на допаминските нервни завршетоци и зголемени нивоа на маркери поврзани со мозочни клетки кои отстрануваат синапси. Невроните што лачат допамин содржат голем број рецептори за кои би можел да се врзе вирусот SARS-CoV-2 што може да доведе до физичко оштетување.
Студијата ја поткрепува хипотезата дека во случаите на долготраен ковид интервенциите насочени кон невроните што ослободуваат допамин. Ова е значително отстапување од досегашниот развој на терапии, со оглед на тоа што ниту едно тековно испитување не е фокусирано на зајакнување на функциите на невроните што ослободуваат допамин, заклучуваат авторите.
Новото истражување сугерира дека долгиот ковид влијае на невроните на сличен начин како Паркинсоновата болест. Ако тоа се потврди, тогаш лекови како L-допа, кои се користат за Паркинсонова болест, теоретски би можеле да се пренаменат за лекување на пациенти со долг ковид.
Овие интервенции би го подобриле тоничното ослободување на допамин во голема мера и фазното ослободување во интактни синапси, со што би се намалило влијанието на изгубените синапси, сметаат авторите на студијата.
Тие сепак предупредуваат дека лековите имаат значителни несакани ефекти и дека може да функционираат само кај пациенти со побавни физички движења, недостаток на мотивација или влошување на меморијата. Можно е другите манифестации на долг ковид да не ги вклучуваат допаминските неврони на истиот начин.