Трамп ја враќа тужбата против Хилари за Русијагејт

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја обнови својата неуспешната граѓанска тужба против Хилари Клинтон, која ја обвинува дека му ја монтирала „руската врска“ за да му ја минира кампањата за изборите во 2016 година. Првичната тужба на Трамп беше одбиена во 2022 година како „несериозна“ и поради тоа беше казнет со 1 милион долари.

Во тужбата од 108 страници Трамп тврди дека Клинтон, Демократскиот национален комитет и низа политички оперативци го прекршиле федералниот закон со заговор за оцрнување на кампањата на Трамп во 2016 година со лажни тврдења дека тој „соработувал со непријателски странски суверенитет“.

Окружниот судија Доналд Мидлбрукс во 2022 година го отфрли случајот, со образложение дека Трамп го пропуштил рокот од две години за поднесување и не успеал да докаже правна или финансиска штета.

Адвокатите на Трамп повторно го отворија случајот пред апелациски суд во Алабама. Тврдат дека претседателот претрпел штета од трошоци за одбрана од неосновани федерални истраги и службени дејствија, поврзани со изборите во 2016 година и наводното руско мешање.

Обжалена е и казната од 1 милион долари, што му беше изречена на Трамп поради „поднесување несериозна тужба“.

Трамп е жртва на серија обвинувања, кои предизвикаа штета од политичка природа, тврди адвокатот Ричард Клуг. Тој додава дека неговата тужба била нелегално отфрлена, бидејќи Конгресот дозволува подолги временски ограничувања при специфични околности.

Сè уште не јасно дали апелацискиот суд ќе дозволи обнова на случајот. Главниот судија Вилијам Прајор оцени дека е „непрецизна, грубо напишана и дека поврзува премногу обвинети“.

Кампањата на Трамп во 2016 година беше нарушена од аферата „Русијагејт“ - бран обвинувања дека неговиот тим одржувал врски со Москва. Иако тој ја победи Хилари Клинтон на изборите, додека беше претседател против него беа покренати низа истраги од ФБИ и беше поставен специјален истражител.

Шефицата на разузнавачките служби Тулси Габард пред неколку месеци откри документи во кои се тврди дека администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама манипулирала со разузнавачки информации за да создаде наратив Трамп-Русија и да почне истрага, која би ѝ помогнала на Хилари Клинтон да победи на изборите. 

******
Види и: Тулси Габард тргна по Обама

21 ноември 2025 - 15:27