Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ќе тестираат нуклеарни бомби

30 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По пауза од 33 години, САД ќе продолжат со тестирања на нуклеарни бомби, за да се изедначат со Русија и со Кина, објави претседателот Доналд Трамп.
  • Воените сили редовно тестираат нови проектили што може да носат нуклеарни бојни глави, но не детонирале атомска бомба уште од 1992 година. Претседателот Бил Клинтон во 1996 година ја потпиша Глобалната забрана за нуклеарни тестирања, но таа сè уште не е ратификувана од Сенатот.
  • „Поради тоа што и другите земји имаат програми за тестирање, му дадов инструкции на Министерството за војна да почне тестирања на еднаква основа. Тој процес ќе почне веднаш“, објави Трамп. „Имаме полигони за тестирање“, додаде претседателот.

  • Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена објави успешен тест на проектил и торпедо со нуклеарни погони, што им дава практично неограничен радиус на дејство, а може да носат и атомски бојни глави. Путин не најави нови нуклеарни тестирања, освен ако САД не почнат први.
  • Трамп не ги спомна новите руски оружја, но истакна дека САД имаат најмногу нуклеарни бомби, Русија е втора, а Кина е далеку на третото место, но ќе се приближи за пет години. Тој додаде дека е отворен за преговори за денуклеаризација.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ајде Турче, врати ни малку гордост околу Македонија

Мат Таиби за злосторничкото здружување „Влада, НВО-а и медиуми“

Видлива и невидлива Македонија

Џефри Сакс: Упатство за разбирање на Украина

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy