- Финска се закани дека може да го употреби правото на вето за да спречи трговски договор на Европската Унија со Кина, освен ако Пекинг не ги прекине своите врски со Москва.
- „Блиските врски на Кина со Русија треба бидат дисквалификациски фактор за обидите на Пекинг да почне разговори за договор за слободна трговија“, предупреди финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.
- Преговорите не почнале, но на низа состаноци со европски лидери Пекинг ја истакнуваше можноста за трговски или инвестициски договор. Германскиот канцелар Фридрих Мерц во март даде позитивен сигнал за таков договор.
- „Се надеваме дека Финска рационално и објективно ќе го гледа нормалниот развој на односите на Кина со другите земји, ќе остане отворена и ќе се воздржи од политизирање или прекумерно обезбедување на економските и трговските прашања“, изјави портпаролот на министерот за надворешни работи, Гуо Џиакун.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.