Битолчани: Не - за јужната трибина да се вика „Васил Рингов“
24 април 2026
- На една од најпознатите фан страни на битолскиот клуб „И моето дете ќе навива за Пелистер“ беше објавена реакција во која објаснуваат зошто според нив трибината не треба да го носи името на Рингов.
- „Со цела почит према името ,,Васил Рингов" и неговата кариера, но овај стадион е НАЦИОНАЛНА АРЕНА. Националната Арена не е објект на еден клуб, таму кој сака да игра си плаќа за тоа.
- Извршниот директор (не сакаме име да му споменеме), може вакви барања да поднесува за она што имовина на клубот кој што го води (ако воопшто имаат имовина), некаков тренинг центар или слично, а за тоа што е ДРЖАВНО И НАЦИОНАЛНО, нема што еден клуб да бара вакво или такво име“, стои во реакцијата.
Вардар бара јужната трибина на „Градски“ да го носи името – Васил Рингов