Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Вардар бара јужната трибина на „Градски“ да го носи името – Васил Рингов

22 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално поднесе иницијатива за Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“, да го носи името на легендата Васил Рингов кој почина пред крајот на 2025 година. Во документ доставен до Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за спорт Борко Ристовски, МОК и Даниел Димевски, како и надлежните за стадионот, се бара да се оддаде почит на легендата.
  • Васил Рингов важи за еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал. Дебитирал во Беласица со неполни 17 години во пролетта 1972 година и имал таа пролет 12 меча и 1 гол. Во следната сезона (1972/73) е најдобриот играч и прв стрелец на Беласица со 15 гола на 32 мечеви. Заедно со Истатов, летото 1973 година преоѓаат во Партизан, каде останува две дезони. Потоа се враќа во второлигашот Тетекс (1975-77), каде настапува во Втората југословенска лига - Исток.
  • Летото 1977 година минува во Вардар, каде станува еден од најдобрите играчи на сите времиња и најдобар стрелец на тимот со 97 голови. Во првите пет сезони во Вардар е најдобар стрелец, секогаш со двоцифрен број на голови. Во 1983 година го облече дресот на Динамо Загреб, потоа се враќа пак во Вардар и со Дарко Панчев го формираат еден од најдобрите тандеми на Вардар во историјата. Кратко настапуваше и за Ајнтрахт Брауншвајг. Во сезоната 1986/87 се врати во Вардар, играше неколку натпревари, иако повреден, и даде придонесе во освојувањето на шампионската титула, прва во историјата во југословенската Прва лига.
извор

Антетокумпо го напушта Милвоки после 13 години

23 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Падна веројатно најголемата размена на летото на само еден ден пред драфтот на НБА. Иконата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо ќе стане новата суперѕвезда на Мајами Хит.
  • Приказната кружи со недели, а имаше и скептицизам околу тоа дали Јанис навистина ќе замине по сите неуспешни обиди во претходните недели. Но, легендарниот Пет Рајли сепак го заокружи доаѓањето на една од најголемите ѕвезди во светската кошарка во тим кој долго време плаче за таква величина во своите редови.
  • Првиот човек на Мајами, претходно донесе асови како Леброн Џејмс, Шекил О'Нил, Крис Бош, Џими Батлер и Алонзо Морнинг, а сега создава моќен тандем кој ќе го сочинуваат Јанис Антетокумпо и Бам Адебајо.
  • Како што објави ЕСПН, Мајами истресе сè што можеше од торбата за да ги добие услугите на Гркот. Бакс во трампата ќе добијат четири играчи: Тајлер Хир, Келел Вер, Хаиме Хакез и Каспарс Јакучионис, како и три избори од првата рунда, вклучувајќи го и овогодинешниот 13-ти избор, плус резервен избор и избор од втората рунда. 
извор

„Немаме обврска да му додаваме на Роналдо“

22 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Кристијано Роналдо е опседнат со целта наречена 1.000 голови и општо со потребата да даде гол на секој натпревар, посебно на Светско после хет-трик на Меси. Задача да се правда и да го правда него на оваа тема на прес доби Франсиско Консеисао.
  • „Немаме никаква обврска или потреба да му ја додаваме топката. Кристијано е пример поради гладот ​​што го покажува секој ден, како да му е последен натпревар“.
  • „Јас ја додавам топката на оној кој мислам дека е во поповолна позиција во тој момент. Не е дека имам време да размислувам кој е соиграчот до мене. Мислам дека сè правиме по инстинкт. И секако, Кристијано е тука да помогне, исто како и секој друг играч во националниот тим.“, вели 23 годишниот Консеисао, син на познатиот Серџо Консеисао кој играше за Португалија на СП 2002.

Анри: „Не е работата ти да дадеш гол“ 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Со морски плодови, вино и грчка музика изведувана од неговата сопруга, Заев расчистувал дилеми околу Преспа

2

Пауза за хидратација, 1980-та година

Онака
3

Одиме до крај

Балканштина
4

ЕУ да не се преправа дека ѝ функционира новиот граничен систем

Свет
5

Камај

Македонштина
6

А се чудите возови што доцнат

Македонштина
7

Во Битола би го викале Темнио

Канта
8

Изјава на еден воен злосторник

Разно
1

Од Светско се селиме во село Уларци

Фудбал
2

Не сака ни името да му го чуе

Фудбал
3

Анте Будимир ја одржа Хрватска во живот, Гана со фантастичен резултат против Англија

Фудбал
4

Светско е ова или маалски турнир?

Фудбал
5

Како голманот на Гана тренираше пред Светско?

Фудбал
6

Хари, ти ли ова?

Фудбал
7

Аршавин изгледа нема попаметна работа

Фудбал
8

Ќе речеш каква Панама, а Ливаковиќ три пати спасуваше во пола минута

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Одиме до крај

Македонштина

Камај

Македонштина

А се чудите возови што доцнат

Балканштина

Мажите и сликичките

Балканштина

Охрид требаше вака да го брани брегот

Македонштина

Актуелни проблеми на Прилеп

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Замина човекот што умирашe два пати

Поезија за озбилно

Не љубовта, уверувањата се слепи

Отсекогаш бил таков?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy