Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ја охрабри Аргентина да не се откажува од Малвините

25 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Владата на Аргентина побара да бидат обновени преговорите со Обединетото Кралство во врска со суверенитетот над Малвините (Фолкландските Острови), откако администрацијата на Доналд Трамп најави дека САД може да ја откажат политичката поддршка за Британија во територијалниот спор.
  • Во внатрешен меморандум во Пентагон е наведено „преиспитување на дипломатската поддршка за британските империјални поседи“ како можна казна за „непослушните“ сојузници на САД од НАТО, кои ги одбиле повиците да се приклучат во војната против Иран.
  • „Аргентина е подготвена да ги продолжи билатералните преговори со Британија за изнаоѓање мирно и конечно решение за спорот за суверенитетот (на островите) кое ќе стави крај на посебната колонијална ситуација во која се наоѓаат“, порача министерот за надворешни работи Пабло Кирно.
  • Даунинг стрит објави дека извештајот за меморандумот на Пентагон не го променил ставот на Британија. „Жителите на Фолкландските Острови на референдум гласаа со огромно мнозинство за да останат прекуокеанска територија на Обединетото Кралство“, изјави портпарол на кабинетот на премиерот Кир Стармер.
  • Аргентина долго време претендира на суверенитет над Малвините и изврши инвазија врз архипелагот во 1982 година пред да биде поразена од Британија во кратка, но крвава војна.
  • Претседателот Хавиер Милеи пред две години изјави дека Аргентина не се откажува од  суверенитетот врз островите, но не сакаа конфликт со Обединетото Кралство: „Тие можеби не сакаат да преговараат денес, но во иднина можеби ќе сакаат. Многу позиции се променија со текот на времето“.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Борисов, и нас особено нè заболе

Музички кодирани говори

Фемикур, од аптеката

Македонецот во лавиринтот на времето

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy