Вооружени со фен добиваат илјадници долари од метео-облози

Откако постојат кладилниците, има и начини да се манипулира со исходот. Се менува само стилот. Порано требаше фудбалер да си даде автогол, или судија да досуди пенал. Откако Полимаркет овозможи кладење на сè и сешто, се прават разни лудории што носат профит, како загревање на сензорите на метеоролошката станица на еден од најпрометните аеродроми во светот.

Аномалните скокови на температурата на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ ја натераа Националната метеоролошка служба на Франција да побара полициска истрага за манипулации со мерната станица на аеродромот.

Истрагата утврдила дека мистериозен корисник „xX25Xx“ на Полимаркет вложил 120 долари на облогот дека на 15 април температурата ќе се крене за 4 Целзиусови степени над вообичаената. И остварил добивка од 21.000 долари, иако немало ненадеен пролетен топлотен бран. Се кладел и на температури во Сеул и во Торонто, а подоцна го избришал својот профил.

Податоците од метеоролошката станица покажале дека попладнето на 15 април температурата во Париз достигнала 18 степени Целзиусови. Вечерта, кога температурата вообичаено опаѓа, имало краток и необјаснив скок на температурата до 22 степени во 21.30 часот. Другите метеоролошки станици во близина не го регистрирале.

Какво оружје употреби за сензорот во Париз вчера? Фен или запалка?, прашал еден корисник на популарниот канал за обложувачи на Дискорд.

Невообичаен скок на температурата имало и на 6 април во 19 часот, кога биле измерена 21 степен, а сите други станици покажале дека е 18. Истиот ден корисникот „Хоакин“ остварил профит од речиси 14.000 долари на облог дека температурата ќе биде повисока.

Податоци од Полимаркет покажуваат дека во март и во април биле вложени повеќе од 500.000 долари на облози за скок на температурите во Париз. По поплаките, како показател на температурата се користи метеоролошката мерна станица од аеродромот Ле Бурже.

Американските власти неодамна му наметнаа на Полимаркет за обложување за корисници во САД, но нејзината меѓународна платформа останува во голема мера нерегулирана.

Изменетите правила во САД забрануваат облози за ситуации во кои корисниците може да влијаат врз исходот од основниот настан. Слична забрана е на сила и на главниот конкурент - Калши.

*****
Види и: Специјалец профитирал 400.000 долари од облози за грабнувањето на Мадуро
Истокот гори, Западот се клади
Интернетот се претвора во една огромна кладилница

24 април 2026 - 10:54