Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Специјалец профитирал 400.000 долари од облози за грабнувањето на Мадуро

24 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ганон Кен Ван Дајк, наредник во специјалните сили на САД, е уапсен поради злоупотреба на доверливи воени информации заради личен профит. Се кладел на Полимаркет дека ќе има операција за грабнување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, откако бил лично вклучен во акцијата и бил запознаен со детали.
  • Ван Дајк е обвинет дека на 26 декември отворил сметка на Полимаркет и вложил 33.000 долари на 13 облози поврзани со Мадуро и Венецуела. Точните предвидувања за строго доверливата акција на 3 јануари му донеле профит од речиси 410.000 долари.
  • Поголемиот дел од добивката го префрлил во трезор за криптовалути во странство, пред да ги депонира во новосоздадена онлајн брокерска сметка.
  • Соочен е со обвинение за измама преку интернет, што носи максимална казна од 20 години затвор, едно обвинение за незаконска парична трансакција и уште три за кршење на Законот за размена на стоки, секое со по уште 10 години затвор.
  • Наредникот е првиот и досега единствениот човек обвинет за низата сомнителни обложувања на строго доверливи воени операции и на политички одлуки на САД. Комисија на Конгресот отвори истрага за инсајдерско тргување од милиони долари на берзите во врска со најмалку три одлуки за војната во Иран. Некој става облог од милиони долари и точно ги предвидува клучните изјави на Трамп неколку минути пред да ги каже. 
извор

Бездомник го навредил Ердоган за да преспие во затвор

17 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
  • „Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
  • Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
  • Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
  • Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.
извор

Трамп ги откажа трговските санкции за Русија

17 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Трамп блокира клучни американски санкции и царини поврзани со Русија, само неколку дена пред тие да стапат на сила согласно „Законот на Линдзи Греем“, усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот минатиот месец.
  • Мерките вклучуваат царини за увоз на руски стоки и казнени царини од 100% за земји што купуваат нафта и гас од Русија. 
  • Трамп истакна дека ги одложува санкциите „заради националниот интерес на САД“. Проценките се дека новите мерки дополнително ќе ги зголемат цените на горивата, токму пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.
  • Во новата наредба се истакнува дека законот не се укинува целосно и дека санкциите ќе може да бидат воведени „кога Трамп или високи функционери ќе проценат дека се соодветни“.
  • Кирил Дмитриев, претставникот на Путин за инвестиции, ја нарече одлуката на Трамп „историски момент“, бидејќи законот ќе запрел секаква економска соработка меѓу Русија и САД.

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
3

Изгубени во подесувањата

Балканштина
4

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
5

Пленковиќ: Две европски држави на Македонија ѝ одземаа 21 година

6

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

7

Роџер Вотерс го заплеска Џејмс Хетфилд

Видео
8

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Македонштина
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
3

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

4

Пленковиќ: Две европски држави на Македонија ѝ одземаа 21 година

5

Европа, окупиран континент

Мислења
6

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
7

Белата куќа ја смени прес-секретарката по само еден брифинг

8

Зеленски ја плаши ЕУ со 20 милиони украински бегалци

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

А со нерви како стоите?

Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост

Си биле два независни експерта

Тогаш, лец гоу

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy