Милиони луѓе се навлечени на предвидување и кладење со пари на секакви настани и исходи, манија која веќе е далеку поголема и помасовна од претходните интернет мании со мим акции и NFT.
Некои од најголемите добивки на спомнатиот Судеит последните месеци биле влогови во тоа кој ќе биде избран за личност на годината на списанието „Тајм“ (40.236 долари), која ќе биде најбараната личност на Гугл лани (11.083 долари) и облог на трката за градоначалник на Њујорк (7.448 долари). И уште по неколку илјадарки ваму-таму.
Испаѓа дека сега „работи“ околу 100 часа неделно, главно гледајќи наоколу што се случува и на што се клади. Не е фан на Доналд Трамп но најмногу следи што тој кажува и најавува.
„Ваквите пазари се најефикасниот начин да се дојде до вистински информации во реално време“, вели Судеит. „Ако ја следите изборната ноќ, ќе знаете кои се победниците пред вестите да ги објават“.

Иако индустријата се постави како алтернатива на мејнстримот, мејнстримот веќе наголемо ја вклучува во себе.
CNN и CNBC имаат договор со Калши и го користат во нивното известување. Сопственикот на Волстрит Журнал, Доу Џонс, соработува со Полимаркет, исто како и „Златен глобус“ оваа година, кога пред секоја рекламна пауза, презентерите известува за коефициентите на Полимаркет.
За време на градоначалничката трка во Њујорк, Калши се рекламираше предвидувајќи победа на Мамдани.

Основачите на апликациите за пазари за предвидување велат дека тие им овозможуваат на луѓето да го претворат своето мислење во финансиска заштита од работи како инфлација или блокада на владата, но скептиците не се убедени во таквата мисија.
„Тие се сајтови за коцкање кои не се разликуваат од FanDuel или DraftKings, обложувалница или казино во Лас Вегас“, вели Денис Келехер, извршен директор на Better Markets, непрофитна организација која се залага за реформа на Вол Стрит.
Како функционираат: член на персоналот создава „пазар“, честопати откако ќе биде предложен од корисник, како на пример, што ќе каже Трамп на неговиот следен брифинг во Овалната соба? Потоа секој може да предложи „удар“, жаргон за термин на кој се обложува, на пример дали Трамп ќе каже „Гренланд“, „Минесота“, нешто трето. И за да има кладба, има опции „да“ или „не.“
Додека администрацијата на Бајден се обидуваше да ја ограничи оваа индустрија, регулаторите на Трамп ѝ го расчистуваат патот.
Секоја недела на Калши сега се тргува со повеќе од 2 милијарди долари, износ кој е 1.000% поголем во споредба со годините на Бајден. Полимакет, кој во 2022 година беше принуден да се затвори поради работење како нелиценцирана страница за обложување, неодамна доби одобрение од администрацијата на Трамп за повторно лансирање во САД.

Зумирање: во одборот на Полимаркет седи Доналд Трамп Јуниор, синот на претседателот. Неговата фирма за ризичен капитал инвестира во компанијата а истовремено тој е и „стратешки советник“ на Калши.
Иако империјата на Трамп веќе е во играта, нејќат да бидат обични играчи. Нивниот социјален медиум Truth Social планира да лансира свој пазар за предвидувања наречен Truth Predict.
Се кладиме?