Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

На Трамп на 1 мај му завршува законскиот рок за војната со Иран

25 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп го продолжи прекинот на огнот со Иран на „неодредено време“, но на 1 мај завршува законскиот рок од 60 дена за воени операции без експлицитно овластување од Конгресот. Претседателот ќе мора до тогаш да ги повлече воените сили, освен ако не добие специјално одобрување од Претставничкиот дом и Сенатот.
  • Постои опција да добие дополнителни 30 дена, само ако писмено потврди дека е потребно време за безбедно повлекување на трупите, а не за продолжување на офанзивата.
  • Поранешните претседатели ја заобиколуваа законската одредба со други извори на овластувања. Трамп може да се повика на Овластувањата за употреба на воена сила (AUMF) за специфични цели, применети по нападите од 11 септември 2001 година за „војната против теророт“, во 2002 година за да се отстрани Садам Хусеин и во 2003 година да се одобри инвазијата на Ирак.
  • Трамп во првиот мандат во 2020 година го искористи AUMF за да го нареди атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.
  • За време на воената кампања на во Либија во 2011 година, администрацијата на Барак Обама тврдеше дека не е потребно експлицитно овластување од Конгресот, бидејќи нема „активна размена на оган со непријателски сили“.
  • Бил Клинтон одобри неколку воени операции во Ирак и во Сомалија, а во март 1999 година без одобрение од Конгресот одобри воени дејства против тогашната Сојузна Република Југославија.
извор

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
  • Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
  • Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
  • Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
  • Кој стои зад сето тоа? Антропик.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Стоката излегла во парк

Македонштина
4

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
5

Цена на злото

Балканштина
6

После победата доаѓаат прашања

Мешано
7

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Стоката излегла во парк

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Политички педерлаци

Мозочно карате

Боки 13, next generation

Разликата меѓу Лула и Стево

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy