Законите од 2023 година, познати заедно како Пакет за одговорност за климата во Калифорнија, ќе бараат од големите компании да ги откријат своите емисии на јаглерод што се поврзуваат со загревање на планетата и своите финансиски ризици поврзани со климата, или ќе се соочат со годишни казни.
Законите би го принудиле Ексон да служи биде гласноговорник на идеи со кои не се согласува. Се бара да ги усвоиме преферираните рамки на државата за известување за емисии и ризици, кои се заблудувачки и контрапродуктивни, се вели во тужбата.
Ексон бара од судот да го блокира спроведувањето на законите, кое треба да почне во 2026 година. Компанијата наведува дека веќе доброволно ги пријавува емисиите и климатските ризици, користејќи различни методологии.
Калифорнија бара да се користи Протоколот за стакленички гасови, развиен од Светскиот институт за ресурси и деловната мрежа Светски бизнис совет за одржлив развој.
Таа рамка испраќа контрапродуктивна порака дека големите компании се единствено одговорни за климатските промени без разлика колку ефикасно ја задоволуваат општествената побарувачка за енергија, стоки и услуги, се вели во тужбата.
Законот, исто така, бара од компаниите да го пријават својот глобален отпечаток од емисиите. Но, Ексон тврди дека правилото треба да се применува само на емисиите создадени од активностите на компанијата во границите на Калифорнија, бидејќи повеќето од деловните операции се надвор од државата.
Друг закон бара од компаниите да ја откријат заканата што климатските промени ја претставуваат за нивното деловно работење и како планираат да се справат со неа.
Тоа би значело дека треба да шпекулираме за непознати случувања во иднина, тврди Ексон.
Тара Галегос, портпаролка на гувернерот Гевин Њусом, изјави дека Калифорнија нема да отстапи од законите.
Шокантно е што еден од најголемите загадувачи на планетата се спротивставува на транспарентноста, изјави Галегос.