Колку велосипедисти се потребни за да се наполни Тесла?

Деветмина кондиционо спремни велосипедисти поштено педалат 20 минути за на Тесла да ѝ дадат струја доволна за -  2 километра. А ако сакате да наполните Тесла со иста брзина како брзите полначи, потребни ви се преку 1.300 веосипедисти.

Во видеото подолу ќе видите дека група од 9 велосипедисти успева да генерира 1 kW за 20 минути. Да продолжеа уште три пати по толку, тоа би било 1 kWh струја. Кога не би се уморувале, на групата би им требале 85 часа да наполнат Теслина батерија од 85 kWh.

Ама ако некому не му се чека, ќе треба да набави 1.350 велосипедисти кои за еден час би постигнале резултат ист како оној од најновата генерација полначи на кои со пик од 150 kW им треба неполн час да ја ја доведат Теслата од нула до 80%. Тоа се околу девет комплети велосипедисти од Тур д Франс на кој обично учествуваат 20-22 екипи со по 9 члена.

Ако некој баш сака да запне и сам да наполни Тесла, ќе треба без прекин да вергла 340 часа, односно две недели.

Наравоучение: Најпаметно е Теслата да се стави на плин.

 

 

26 мај 2020 - 19:56