Електрични коли не димат, така?

Тоа што електричните возила немаат ауспух, не значи дека сме ги елиминирале емисиите, туку дека само сме ги преместиле на некое друго место. За да се произведе батерија со енергија колку еден барел нафта, потребни се 100 до 300 барели нафта. Една минута (молк) за електричните возила.

 - Сакаме целосно да се преориентираме целосно на струја до 2035. Дали е практично да се прави тоа сега?

- Дискусијата може да се скрати на две букви: Н Е.

Нема такво нешто како возило со нулта емисии. Вистинското прашање е каде се емисиите од електричните возила? Затоа што, во суштина, со електричните возила не ги елиминираме емисиите, туку само ги преместуваме на друго местo.

Мора да се ископаат 227.000 килограми материјал за да се направи една единствена батерија од 450 килограми. Потребни се околу 100 до 300 барели нафта за да се произведе батерија што може да држи енергија еквивалентна на еден барел нафта. Само производството на батеријата може да издува од 10 до 40 тони јаглерод-диоксид во атмосферата.

Според актуелните планови за зголемена употреба на батерии, ќе биде потребно зголемување на продукцијата на минерали како литиум, кобалт, и цинк. Побарувачката за овие материјали ќе биде зголемена за меѓу 400 и 4000 проценти. Во светот не се ископува доволно за да се направат автомобилски батерии за толку многу луѓе.

********

10 ноември 2022 - 16:05