Замина фронтменот на Њујорк Долс

На 75 години почина Дејвид Џохансен од групата која, кога почна да пржи на почетокот на 70-тите, п од панк немаше на европската сцена. Заедно со Велвет и Стуџис ја обележаа њујоршката сцена во таа деценија иако во првата фаза имаа само два албума. Кога се распаднаа, во Европа допрва почнуваше панкот бидејќи вирусот веќе беше раширен.   

Дејвид Роџер Јохансен е роден на Стејтен Ајленд, во 1950 година. Детството го минува акајќи со точак по сокаци,  слушајќи плочи и реметејќи ги калуѓерките во неговото католичко училиште. 

Во 2009 година, се појави во серијата на Ентони Бордејн „Без резервации“ како негов кустос низ кулинарскиот свет на Стејтен Ајленд.

Како и многу архитекти на првиот бран на панкот, Џохансен пораснал со блуз и рокенрол синглови; Хаулин Волф, Фетс Домино, Плетерс и друга музика продуцирана од контроверзниот Фил Спектор.

Глам-панкерите Њујорк долс издаваат два албума, куќата ги откачува бидејќи не се продавале добро а тие подоцна се растураат.

 

Џохансен продолжува со правење музика, овојпат како Бастер Поиндекстер. 

Во 2004 година Морисеј, кој бил нивен огромен фан, ги убедува тројцата живи од Њујорк Долс (Џохансен, Силвеин и Кејн) повторно да се обединат и издаваат уште два албума.

„Кога го снимав филмот „Mean Streets“ (Де Ниро, Харви Кајтел), нон-стоп ги слушав Њујорк Долс“, вели Мартин Скорсезе кој за Џохансен го прави документарецот Personality Crisis: One Night Only.

„Откако го видов неговото шоу во Кафе Карлајл, знаев дека морам да го снимам затоа што беше толку извонредно да се види еволуцијата на неговиот живот и неговиот музички талент во толку интимен амбиент“, вели легендарниот режисер.

3 март 2025 - 16:22