Музика

Песните на Криденс се враќаат кај татко им

После половина век натегање по судови, Џон Фогерти од Криденс Клирвотер Ривајвл конечно повторно е во посед на своите песни од тоа време. Така е кога како тинејџер потпишуваш долгорочни договори со намазани менаџери.

20 страшни албуми кои полнат 50

За враќаме точно половина век, во 1973-та година. Вилица да ви падне кога ќе видите кои сè албуми се извадени само во таа година. 50 години подоцна, не можеме да очекуваме ништо од Лу Рид, Боуви, Квин, Лед Цепелин, ЗЗ Топ.... Ама па, хеј, Карди Би е жива, а и Ластовица може да изненадат.

Мракот и убавината на споредните улици

Пет децении од ремек-делото на Лу Рид, Трансформер, албум што е поактуелен од кога било. Остана запишан како еден од најзначајните придонеси на рокенролот кон општата култура, затоа што за првпат некој проговори за драмата на сексуалниот идентитет низ поезија.  

Мислев работите ќе се смират до 65 години. Не испадна така.

Малку се оние музичари кои можат да отворат албум со стихови како “Got a dick and two balls, that’s more than you all”. Уште помалку се оние кои можат тоа да го кажат а да звучат уверливо. За среќа, го имаме Иги Поп.

Вилко го отсвири последниот акорд

На 75 годишна возраст почина Вилко Џонсон, поет и музичар кој ја свиреше гитарата како машин-ган. Помладите можеби повеќе го знаат како немиот џелат од Game Of Thrones. Другите го памтат од Др. Филгуд. Оние кои беа панкери пред панкот.

Вештачката интелигенција ни го даде „новиот“ Револвер од Битлси

Ремикси лесно се прават ако секој инструмент го имаш засебно на канал. Но, Битлси за некои рани албуми имале само 4 канална миксета, па на секој канал се ставани по неколку инструменти. Како да треба торта да „отпечеш“ за да дојдеш до нејзините основни состојки.

Џони Штулиќ извади два албума

Штулиќевото форсирање на јак „хал ефект“, или пак непарното броење такти, произведуваат чувство дека музиката доаѓа од некое место со еони далеку од овде - за некои валкан звучен пекол, а за други како мене, неизвалкан рефлекс на бунтовничкиот нерв.

Само што ја дознаа, младите ќе ја откажуваат Металика

Заради една сцена во последната сезона од Стренџер тингс, Металика влезе во радарот на младата тинејџерска тиктокерска публика и некако многу природно ги воодушеви, за по некое време истата оваа публика многу природно да почне да ровари низ 40-годишната кариера на Металика.

Еј Џо, ги слушаш ли Стоунси?

Кој никогаш не ги слушал Ролинг Стонс во живо, тој не знае ништо за животот, затоа предлагам државата веднаш со ваучери да го субвенционира одењето на нивните концерти, иако се плашам дека за оваа сезона веќе е доцна. Сите билети се распродадени. Сеедно, ќе свират тие вечно.

Младите ја открија Кејт Буш

Кога првпат беше објавена, песната „Running Up the Hill“ на Кејт Буш добутка до третото место на топ листите. Речиси 40 години подоцна, песната руши рекорди на истите тие топ листи и тоа по повеќе основи. 'Stranger things' се дешаваат. 

Скорпионс го смениле текстот на „Wind of Change“ заради Русија

После оваа вест, уште поќеиф ни е што отсекогаш сме ги сметале за буљаши и фејкери, без разлика на русија-мусија. Кленовите го смениле текстот на единствената песна која луѓе им ја знаат затоа што не сакале „да ја романтизираат Русија“.

Песната на Битлси на која свири Брајан Џонс

Не сме сигурни дали ја имаме слушнато оваа песна од Битсли (може да, може не) ама сме сигурни дека досега немавме појма дека на неа свири и Брајан Џонс, прерано починатиот гитарист на Ролинг Стонс. И тоа свири - саксофон.

715 бустери на расположението

Научна студија на двајца истражувачи од лондонскиот Квин Мери Универзитет резултирала со  импозантна плејлиста од 715 песни за кои се тврди дека го подобруваат расположението и го имаат  оној ефект кога песната „те дига“. Шеренолика е тоа листа пошто кога си сјебан, бадијала е да слушаш „раке пуке, раке шлаке“ па има и такви како Алелеуја на Коен или „Tears in Heaven“ на Клептон.

Хрватите се шокираа од својот музички (не)вкус

Во својата едиција „Хитови од светот“ Билборд деновиве извади листа од 25 најслушани песни во Хрватска. Главно, она што стварно се слуша нема врска со она што се пушта по радија или се рецензира по медиуми. Под радарот на тисучљетните комплетно незабележано поминал трапот, оној најлошиот, со аутотјун и турбо-фолк. Тја!

На Спотифај сепак останала музика од Нил Јанг

Откако минатиот месец бесно замина од стриминг платформата бидејќи не му паднаа на уцената и целиот свој музички каталог го вдоми на други стриминг сервиси, деновиве излезе дека сепак музика од Јанг легално останала на Спотифај.

Стинг му ги продаде сите свои песни на Универзал

Целиот животен музички каталог на Стинг заврши кај Универзал Мјузик Груп, вклучително сите соло нумери и материјалот од Полис, за сума од 250 милиони долари.

Новата музика ја губи битката со старата

Старите песни во моментов претставуваат 70 отсто од музичкиот пазар во САД. Оние кои живеат од нова музика - особено загрозениот вид познат како музичар - нема многу леб да се најадат. Сиот пораст во музичкиот свет денес доаѓа од старата музика а најголемите инвестиции се во купување каталози на автори кои се или починати или имаат 70-80 години.

Ништо од тужбата од бебето на Нирвана

Спенсер Елден кој како голо бебе се појавува на обвивката на „Неврмајнд“ албумот на Нирвана, го тужеше бендот тврдејќи дека бил жртва на сексуална експлоатација на деца.

Шејн од Поугс: Не сум убав како порано

Добивам подбрадок како на мисирка и лицето не ми е убаво како некогаш, вели во интервју за Гардијан никогаш убавиот Шејн МекГауен, кој, сепак, би сакал да биде глумен од  - Леонардо Ди Каприо. Лошо спие, не му е гајле како ќе биде запамтен ама нејќе кога од публика ќе му добацат дека е дебел.

Види ја ти Меркелка!

Оној нашион што редовно ја викаше Цеца дур беш струмички кмет, од премиерска позиција  за музичка порака ја имаше одбрано Рибља Чорба. Ангела Меркел, за проштална песна одбра една од - Нина Хаген! Ја контате ли разликата, глупи „прогресивци“?

Битлските кои досега не ги знаевме

Феноменална „саудаде“ приказна за една ливерпулска четворка, а не е онаа. Неколку девојки од градот, инспирирани од своите музички идоли, во раните 60-ти години решаваат да го направат првиот комплетно женски бенд по тој урнек. Првото проблемче им е - што не знаат да свират.

Хендрикс не стигна во Ројал Алберт Хол

Виолинисти обично не прават вести освен кога се работи за некој скандал или контроверза или пак кога во прашање е Најџел Кенеди. Овде ги има двата елемента.

Не знам како ќе се спасат луѓето кои се заплеткаа во социјалните мрежи

Партибрејкерси пред некој ден имаа концерт на белградски Ташмајдан а во пресрет на концертот, Цане даде интервју. Малку од првото, малку од второто.

Клептон нема да свири онаму кај што ќе се бара ковид аусвајс

Ерик Клептон најави дека ќе одбива да свири во сали и места каде што ќе се пуштааат само луѓе кои ќе докажат дека се вакцинирани. Може ви делува тоа антиваксерски, ама, замислете Битлси и Стонси да инсистираа да свират само пред публика вакцинирана од заушки.