Кумот на панкот денес има 75 години и за јануари го најавува новиот албум, прв во соработка со Gold Tooth Records на Ендрју Ват, негов голем фан и продуцентски мастермајнд кој ги работеше Пост Малоун, Ози Озборн и Мајли Сајрус.
Последниот албум „Free“Иги Поп го извади пред 3 години но тој беше по малку медитативен и џезерски обоен. Овојпат Иги се враќа каков што го знаеме: едноставен, сиров и суров.
Првоборецот од Стуџис вели дека новиот албум ‘Every Loser’ е правен да се слуша онолку гласно колку што ти држи појачалото. На него ќе се слушнат тапанарот на Ред Хот, Чед Смит, басистот на Ганс енд роузи, Даф Меккеган, тапанарот на Блинк 182, Травис Баркер, гитаристот на Перл Џем, Стоун Госард, Дејв Наваро од Џејнс Адикшн... И покојниот тапанар од Фу Фајтерс, Тејлор Хокинс го има.
„Се сè тоа луѓе во мој стил кои свират соголено и едноставно. Па не правиме песна од Деми Ловато!“
Првиот сингл од ‘Every Loser’ е „Frenzy“.
Да потсетиме, гласно.