Како звучат Оазис на кристал мет

Треба да ја освојат Америка и доаѓаат на турнеја . Притоа сметаат на сојузничка поддршка на стариот соборец кокаинот и мислат дека тој им стигнува во соблекувалната пред настапот. Навежбано прават црти, навежбано ги шмркаат. На бината излегуваат распар, и со другите, и со себе.

1994 е битна година за бендот. Англија им е под нозе нодопрва треба да се освои Америка. Доаѓаат на турнеја, дебело навлечени на алкохол и дроги, особено од ним омилениот кокаин.

Уште тогаш браќата Лијам и Ноел се рогови во вреќа и тој нивен однос ќе стане легедарна противтежа на поговорката „брат брата не рани, тешко оној кој го нема.“

Збудалени од белото, во Лос Анџелес се тепаат со вратари на дискотеки, биваат исфрлани од радио станици заради пцуење и кршење...

Конечно доаѓа моменто на нивната концертна иницијација, во легендарниот рок клуб Whisky A Go Go каде ги претставуваат како „најдобриот бенд во универзумот.“

Само што пред тоа, во соблекувалната:

„Некој извади ќесе, мислевме дека е кокаин, повлековме којзнае колку долги линии....“

Испаднало дека е метамфетамин кој со денови ги држел. Такви и излегуваат на сцена. За настапот признаваат:

„Во еден момент, сите свиревме различни песни.“

Целиот настап минува напнато. Им експлодира бас-појачалото, од микрофон им се закануваат на публиката, Ноел во еден момент, од нигде никаде почнува да свири друга песна и да пее со чуден глас. Лијам неколкупати седнува пред да му се стави на брат му во фаца, да му каже да си ебе матер и да му го удри дајрето од глава.

„Има среќа што не го мавнам со мониторот... или со тапанарот!“, великодушно ќе објасни Лијам.

Лијам и Ноел до ден-денес не зборуваат. Постариот има кажано  легендарна дефиниција за братот:

„Во свет од супа, Лијам е човек со вилушка.“

Целиот концерт (аудио):

 

 

 

 

 

5 април 2023 - 09:31