Цели 33 години откако фронтменот на германските Скорпионс го напишал текстот за Wind of Change после еден нивен настап во Москва во 1989 година, Клаус Мајне проценил дека текстот веќе не е коректен.
„Веќе не можам да замислам да ја пеам како што секогаш сум ја пеел. Едноставно, не ми е ок да ја романтизирам Русија со стихови како: ‘I follow the Moskva / Down to Gorky Park … Let your balalaika sing’”, изјавил Мајне за Ди Цајт.
Старките летово започнуваат нова американско-европска турнеја (нека фала, ние ќе одиме на Рејџ) која ќе ја отворат во Лас Вегас и нивниот убер-кринџ хит по ново ќе вика:
“Now listen to my heart / It says Ukrainia / Waiting for the wind to change.”
Иако песната беше објавена една година по паѓањето на Берлинскиот ѕид, баладата на која фановите автоматски палат упаљачи и се клатат како зрело класје а нормалните ги фаќа срам во нивно име, стана некаков симбол на крајот на Студената војна и перестројката на Советскиот сојуз.
Дали “Wind of Change“ ја има напишано ЦИА?
Таква приказна вади еден сериозен репортер на Њујоркер кој признава дека нема докази за теоријата а за тоа слушнал од неименувани извори од Агенцијата. Од разузнавачката заедница нејќат да демантираат таква можност знаејќи дека ЦИА сакала да се плетка во такви работи“, пишувавме пред две години во една непотребно долга статија за која некако си ја смиривме совеста со начинот на кој ја завршивме.