Битлси станаа големи во Англија на почетокот на 1963 година кога „Please Please Me“ (второ место) и „From Me To You“ (прво место) станаа први од многуте нивни топ-10 хитови.
Една деценија подоцна, бендот одби понуда од 250 милиони долари за повторно обединување. За само осум години, Битлси се искачија на врвот на меѓународната музичка сцена, станаа музички трендсетери и променија сè во поп музиката.
Само што, Ален Вилијамс (на сликата најлево, оној со брадата) не можеше да го знае тоа во 1961 година.
„Тогаш во Ливерпул имаше 300 групи во Ливерпул кои беа добри или подобри од Битлси“, има кажано Вилијамс за тие времиња.
Кога бендот се вратил од Хамбург, Германија, на почетокот на 1961 година, одбиле да му платат на Вилијамс договорен хонорар од 9 фунти што му го должеле за свирката. Во денешни пари тоа се околу 244 долари.
Навреден и лут заради тоа, Вилијамс му дозволува на Брајан Епштајн да го преземе бендот, советувајќи го „да не ги пипа ни со гомнарска цевка“.
„Поради тоа, сè уште губам сон и после 50 години“, признава Вилијамс. „Никој не можеше да претпостави дека Битлси ќе станат толку познати“.
Потенцијалното богатство што го пропушти го прави најголемиот губитник во историјата на бендот, со оригиналниот тапанар Пит Бест на јако второ место.
Епштајн бил далеку од совршен менаџер и има преговарано некои лоши договори за бендот. На пример, Битлси заработија 10.000 долари за нивното историско деби на шоуто Ед Саливан (плус две други свирки). Една деценија порано, Елвис Присли има заработено 50.000 долари за три шоуа.
Епштајн им дозволи на Битлси да потпишат договор со издавачот Дик Џејмс според кој тој добиваше 50% од музиката на бендот, а останатите 50% се делеле меѓу Епштајн, Пол Макартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар. Тоа беше еден од клучните настани кој водеше кон раскол во бендот.
Сепак, со Епштајн на чело, тие станаа најголемиот бенд во светот. Тој зема четири дечки од подрум во Ливерпул и ги однесе на врвот на светот.
Можеше тоа да биде и Алан Вилијамс, да не беа оние проклети 9 фунти.