The Dark Side of the Moon – Pink Floyd
Најпознатиот албум на Пинк Флојд, едно од многуте нивните умни концептуални дела, и покрај целата своја комплексност останува трансгенерациски релевантен и денес. Албумот е целина создадена да се чуе од почеток до крај, но има и песни што сосем добро функционираат и засебно, како Money и Breathe.
Let’s Get it On – Marvin Gaye
Почнувајќи од Come Get to This и You Sure Love to Ball, популарниот албум на Марвин Геј е прв избор за романтичен саундтрак кај многумина. Од неговото издавање, безброј уметници се обиделе да го доловат кадифениот соул, неодоливиот фанк и да звучат кул како што звучи тој овде. Ни приближно не успеале.
Berlin – Lou Reed
Иако важи за еден од најкритикуваните албуми на Лу, втемелен во тешки вистини и мрачен реализам, албумот е крајно автентичен и негов до срж.
Closing Time – Tom Waits
Деби-албум каков што секој артист може само да сонува. Песниште до песниште: Ol’ ’55, I Hope That I Don’t Fall in Love with You, Old Shoes (& Picture Postcards), Martha....
Greetings from Asbury Park, N.J. – Bruce Springsteen
Уште еден дебитант. Во 1973-та првпат чувме и за Брус Спрингстин, кој уште во Greetings from Asbury Park, N.J. покажа класа и даде интонација за својата блескава кариера.
New York Dolls – New York Dolls
Пионери на тогаш новиот, ексцентричен правец наречен глам рок.
Quadrophenia – The Who
Третата рок-опера, дуплиот албумот Quadrophenia, е наративен вртлог преполн убитачно добри песни.
Houses of the Holy – Led Zeppelin
Лед Цепелин решиле да покажат дека знаат и помеко, постилски и пософистицирано. Албумот е преполн хитови: The Rain Song, No Quarter, Over the Hills and Far Away како и песната по која е насловен нивниот документарен мјузикл The Song Remains the Same.
Raw Power – The Stooges
Историски албум што подоцна бил инспирација за ликови како Џони Мар и Курт Кобејн. Влегува дрско со антoлогиските стихови:
Cause I'm the world's forgotten boy
The one who's searchin', searchin' to destroy
Band on the Run – Wings
Третиот студиски албум на Wings е тешка победа, каде Пол Макартни покажа дека се може и без Битлси.
Aerosmith – Aerosmith
Денес светски-познатите рок икони не доживеале голем успех со албумот насловен според бендот, но тоа не крати од неговиот квалитет, а таму се наоѓа и еден од нивните најголеми хитови Dream On.
Piano Man – Billy Joel
Вториот албум на Били Џоел со кој стана полноправен член во друштвото на најголемите. Во Piano Man се најголем број од песните што луѓето и денес му ги пеат на концерти, но има и теми каде што е во длабокото, како „Worse Comes to Worse” и „Travelin’ Prayer”.
Queen – Queen
Уште еден деби албум, за кој целосно соодветно е да се каже дека претставува 38-минутна рок екстаза.
Desperado – Eagles
Таму се и Doolin’ Dalton и Tequila Sunrise, ама:
Aladdin Sane - David Bowie
Шестиот албум на Боуви, прв откако станува ѕвезда со The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars. Песните за Аладин Боуви ги пишува за време на американска турнеија и се слуша тоа америчкото во нив.
Tres Hombres – ZZ Top
Третиот албум на рокерите со долги бради е главната причина за нивната галактичка слава. La Grange, Waitin’ for the Bus и...
Ooh La La – Faces
Иако одбележан од тензиите помеѓу Род Стјуард и останатите членови на бендот, заради неговото оддалечување и успешниот почеток на соло-кариера, на албумот сепак има неколку одлични песни.
For Your Pleasure – Roxy Music
Некои ги сакаат - некои ич, ама ова е последниот албум каде што соработуваат со Брајан Ино и претставува важна пресвртница во животот на бендот.
Goodbye Yellow Brick Road – Elton John
За крај, седмиот албум на Елтон Џон, а за кој многумина се без дилема дека е најдоброто што некогаш го отсвирел.