Погребната плејлиста на Рјуичи Сакамото

Блиските на Рјуичи Сакамото, еден од најзначајните компзитори на денешнината кој после тригодишна борба со ракот почина минатиот месец на 71 година, деновиве решија да ја споделат музичката плејлиста која тој самиот ја има составувано за својот погреб. Го има тука Бах, Дебиси, Сати, Равел, но и Дејвид Силвијан, Мориконе...

Чувството на преслушување на оваа плејлиста е дополнително драматично и затоа што може да се следи кога која песна Сакамото додавал на листата.

Последната е „Здив“ од Лорел Хало, која композиторот ја ставил една недела пред да почине. 

16 мај 2023 - 12:42