Сплет и Каверн се бисери на DIY филозофијата, нечепната од конзумеристички начин на размислување, конзумеристички формат и нам познатите облици на пазарна промоција. Песни стопени во еден низ кој има шмек на некогашните демо снимки.
На тие времиња потсетува стилот, метриката и она најважното - лириката. Штулиќевото форсирање на јак „хал ефект“, или пак непарното броење такти, произведуваат чувство дека музиката доаѓа од некое место со еони далеку од овде - за некои валкан звучен пекол, а за други како мене, неизвалкан рефлекс на бунтовничкиот нерв, пред сè искрен и од познат глас кој понекогаш едвај се слуша од бучавата околу него.
Каверн (2 часа, 7 минути):
Сплет (страна 1, 2 и 3)
Сплет (страна 4)