Јуришот против Металика почнува од една тиктокерка која многу собрала повеќе гревови на бендот, главно по расна основа, некаде од крајот на 80-те и почетокот на 90-те.
Посебно на мета е Џејмс Хетфилд, заради нацистички поздрави и одбивање на времето да соработува со рапери. Претходниот обид на Хетфилд да се извини за своето минато однесување не е прифатено бидејќи во изјавата порачал дека „не му е гајле кој за кого гласа“, што е проблем затоа што едната страна од тие што гласаат го дале својот глас за расист како Трамп.
@serenatrueblood I find it intersting that they only cared about gatekeeping in their fandom when they started getting big agaib from Stranger Things. Thy only care about what lines theor pockets #metallica #metal #isyourfavproblematic #stanculture #cancelculture #fyp p.s. sorry dad #greenscreen #greenscreenvideo ♬ original sound - Serena Trueblood
Авторката на видеото со над половина милион прегледи, на крај заклучува дека не би ја чудело да има уште вакви злосторства од Металика имајќи предвид дека се работи за бенд составен од 4 белци, што прилично зборува за нивото на истражување зад видеото.
Еден од клиповите на Металика што не стигнал до тиктокерите: